Како Дачиќ го натерал Стевиќ на оставка: „Што и да кажеш, секогаш ќе бидеш порно пратеник!“

„Блиц“
„Блиц“

Српскиот пратеник Звонимир Стевиќ, кој од камерите бил фатен како во текот на парламентарната расправа за Косово на својот мобилен телефон гледа порно филм, бил принуден на оставката, објави „Блиц“.

На таквиот „морален чин“, според објавата во весникот го натерал партискиот лидер Ивица Дачиќ.

– Според сознанијата на „Блиц“, веднаш откако утринава во јавноста се појавила снимката на Стевиќ, кој инаку е роден на Косово, или барем така му е наведено во документите, веднаш бил закажан состанок на пратеничкиот клуб на Социјалистичката партија на Србија, на кој дошол и Дачиќ – пишува „Блиц“.

Дачиќ, наводно, на партискиот состанок рекол дека поминал многу нешта низ годините, но досега не доживеал некој да гледа порно филм на седница на парламентот.

– Ова е скандал и голема катастрофа. Звонко, реално е да поднесеш оставка. Не може веќе да бидеш пратеник зашто ти со ова и не можеш да се носиш. Освен тоа, каде и да се појавиш, што и да кажеш, секогаш ќе биде: „кажал порно пратеникот“ – потенцирал Дачиќ.

Дачиќ го прашал својот сопартиец од каде воопшто му дошла идејата да гледа порнографски содржини во парламентот.

Стевиќ пак, наместо да даде објаснување за својот крајно непримерен акт, почнал да зборува како обезбедувањето на парламентот му јавило оти го снимаат од галеријата.

Стевиќ бил член на парламентарниот одбор за Косово и на уште неколку парламентарни тела, како и претседател на партискиот одбор за Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот