Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Секој човек се карактеризира со различен метаболизам. Некои имаат побрз, а други пак побавен метаболизам. Токму од тоа зависи колку всушност кофеин е дозволено да внесува секој од нас, за притоа, сосема несвесно да не си го загрозиме целокупното здравје.

За многумина кафето е првиот напиток што се пие рано наутро со верување дека на тој начин побрзо ќе се расониме. Околу тоа, дали навистина кафето помага побрзо да се расониме или не, нутриционистите и лекарите имаат поделени ставови.

Сепак, кога станува збор за тоа колку кофеин му е потребно на еден човечки организам за од неговиот внес да нема нус појави, стручната јавност е едногласна.

Тоа зависи од брзината на метаболизмот на човекот, но и од тоа колку тој е физички и психички активен во текот на денот.

Некоја средна вредност што би им одговарала на луѓето со бавен метаболизам е околу 200 милиграми кофеин (2 шолји кафе на ден) или 400 милиграма кофеин за луѓето што имаат брз метаболизам (околу 4 шолји кафе на ден).

Здравствени тешкотии

Контролираниот внес на кафе и исклучително важен, бидејќи доколку подолг временски период во организмот внесувате поголеми количества кафе, во тој случај може да се појават низа здравствени тешкотии. Некои од нив се:

– Забрзана работа на срцето

– Малаксаност

– Висок крвен притисок

– Задржување на водата во телото

– Несоница

– Главоболка

– Вртоглавица

Енергетски напитоци

Кога станува збор за кофеинот, малкумина знаат дека тој се наоѓа и во составот на енергетските пијалаци. Токму ваквиот вид недоволна информираност, честопати знае да биде причина токму за неконтролираниот внес на кофеинот.

За да не се доведете во ситуација да си го нарушите здравјето поради пиењето на кафе или одредени напитоци во чиј состав има кофеин, најпрвин откријте дали имате брз или бавен метаболизам. Откако ќе го откриете овој факт за себе, контролирањето на испиените кафиња на дневна основа ќе ви оди многу полесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот