Телото може да се тренира: Како да заспиете со бучава и светлина?

Фото: Пекселс/ miriam-alonso

Ако сонот ви е „лесен како пердув“, па дури и најмала светлина или децибели бучава ве буди, не грижете се – бидејќи постои начин да го тренирате вашето тело да остане во фазата на спиење.

Многу луѓе имаат проблеми да заспијат кога се изложени на бучава или светлина на која не се навикнати, што на крајот може да влијае на квалитетот на самиот сон. Иако не е толку едноставно, сепак е можно да го тренирате вашето тело да спие преку сето тоа или барем да го намалите ефектот врз квалитетот на сонот.

Зошто некои луѓе се почувствителни на бучава и светлина кога заспиваат?

Дури и додека заспивате, вашиот мозок е наместен да постојано ја скенира околината за потенцијални закани. Целта на мозокот е да се погрижи да се чувствувате безбедно, дури и додека спиете, а секоја бучава или светлина што ви е непозната ќе предизвика вашето тело да се разбуди од сон, пренесува „Нови лист“.

Бучавата што е непредвидлива, како што се гласна смеа или викање, ненадејно лаење или член на домаќинството што му паѓа тенџере на подот, сето тоа го предупредува мозокот за еден вид аларм. Има и луѓе чиј мозок станува свесен за надворешните дразби. Работите како анксиозноста и стресот имаат тенденција да придонесат за оваа хиперсвесност или будност, што исто така важи и за несоница.

Како да спиете со бучава и светлина?

Третирајте ги и двете како да не се проблем

Ако сте вознемирени пред спиење, секој звук или светлина може да биде уште поиритирачки. Сепак, третирањето на двете како нешто за што нема свесно да се вознемириме може да му сигнализира на вашиот мозок дека сте безбедни.

Испробајте смирувачка техника која работи за вас, како што е длабоко дишење, стискање и отпуштање на тупаниците или медитација за да го смирите вашиот ум и повторете си дека тоа не е проблем за вас.

Ослободете се од верувањето дека ви треба идеална средина за спиење

Можеби верувате дека собата мора да биде целосно темна и тивка за да заспиете. Ваквиот начин на размислување може да ви го отежне спиењето кога условите не се „совршени“.

Имањето ригидни правила за спиење му сигнализира на мозокот дека сето тоа е неопходно за спиење, а тоа се услови кои тешко се постигнуваат во реалноста.

Потсетете се дека лошиот сон е нормален

Лошиот сон понекогаш е неизбежен. Обидувањето да постигнете „совршен сон“ секоја вечер може да доведе до напнат и сè потежок сон.

Ако спиете добро четири или пет ноќи од седум, неколку ноќи што не се одлични, или што може да бидат вознемирени од бучава или светлина, не се толку проблем. Освен тоа, ако следниот ден сте многу уморни, можете да се обидете да дремнете попладне.

Машините со бел шум се исто така опција

Звучниот систем ви овозможува да изберете звуци кои ви одговараат, како бранови, ветер, инсекти и слично, а тоа се звуци кои се попредвидливи, што значи дека вашиот мозок не ги доживува како закана.

Вклучувањето на звучните машини со малку поголема јачина отколку што е бучно надвор може да ви помогне да го одвлечете вниманието на вашиот мозок, што ќе го олесни спиењето со бучавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот