Како да заштедите пари? Запомнете го правилото „3 по 8“

Фото: Профимедиа

Постојат многу сложени и ефикасни методи за тоа како да инвестирате и да заработите повеќе пари, но главно е неопходно да имате дополнително знаење и талент. Сепак, тоа не значи дека не можете да заштедите повеќе пари. Само е потребно да научите различни пристапи и трикови.

Инвестирајте во себе

Најдобрата инвестиција за вашата иднина е да инвестирате во себе. Колку побрзо ќе го сфатите ова, толку подобро, бидејќи треба да направите што повеќе различни работи кога сте млади.

Секако, тука станува збор за учење нови работи и ново искуство. Немојте да мислите дека треба да имате уште една факултетска диплома, туку обидете се да научите нешто што ве интересира. Читање книги, курсеви преку интернет, добивање сертификати или посетување програми за личен развој, се одлични опции. Колку повеќе вложувате во себе, толку повеќе ќе станете вредни.

На интернет постојат голем број бесплатни предавања и курсеви. Пробајте ги за да видите во која насока треба да тргнете.

Запомнете го правилото 3 по 8

Сите знаеме дека во просек работиме 8 часа на ден, спиеме 8 часа и имаме околу 8 часа на ден слободно време. Своето работно време им го продаваме на други луѓе, а времето за спиење го одвојуваме за нашето тело. Значи, единствениот начин да станете подобри во нешто е да ги потрошите останатите 8 часа од денот. Направете нешто што е корисно за вас на долгорочна перспектива, како што се подобрување на вештините што веќе ги имате или учење нови. Ако повеќе заработувате, повеќе можете и да заштедите.

Внимателно позајмувајте пари на семејството и пријателите

Иако ги сакаме своите роднини и пријатели, проблемот е во тоа што тие може да имаат различен начин на размислување кога станува збор за парите што ги позајмиле од вас. Можеби се надеваат дека ќе го заборавите вашиот долг или едноставно ќе им го простите. Поради ова можно недоразбирање може да дојде и до прекин на добрите односи. Значи, или воопшто не позајмувате пари или договорете фиксен рок за нивно враќање.

Трошете помалку и ќе бидете послободни и флексибилни

Написите на тема стекнување богатство честопати препорачуваат намалување на трошоците. Тој совет има многу повеќе смисла отколку што изгледа на прв поглед. Замислете да одите на работа што ја мразите, да живеете на место што не ви се допаѓа и да можете лесно да го промените тоа кога сакате. Кога почнувате да заштедувате повеќе пари, станувате пофлексибилни и способни да ги работите работите што ви се важни.

Применете го правилото 24 часа

Честопати се случува нашите набавки да се базираат на емоции или импулсивно купување. За да ги намалите трошоците што навистина не ви требаат, треба да го примените правилото 24/7. Почекајте само еден ден за да ја направите посакуваната набавка. Вашите емоции ќе се смират и ќе можете да донесете конечна одлука за тоа како навистина се чувствувате. Ќе бидете изненадени колку работи, всушност, нема да ги купите.

Посветете една минута секој ден за да ги проверите вашите трошоци

Овој трик е многу едноставен и ви овозможува да ги држите трошоците под контрола. Поминете само една минута во текот на денот проверувајќи и размислувајќи за секое купување што го правите во тој период. Ова ќе ви овозможи да откриете проблематични набавки, да го забавите трошењето и да одредите колку пари ви се потребни за секој ден.

Направете споредба пред секое купување

Друг начин да го забавите купувањето и да си дадете време да размислите што купувате и да избегнете разочарување во иднина, е секогаш да направите споредба со нешто што е важно за вас. На пример, кога ќе видите прекрасен џемпер во продавницата што навистина не ви треба или цената е премногу висока, помислете на тоа на овој начин: Дали е тој џемпер е поважен од посета на некое место за викенд?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот