Како да спречите главата „да не ви експлодира“: 5 намирници против мамурлак

Кога ќе се разбудите и имате чувство дека главата ќе ви експлодира, прво треба да внесете витамини и минерали кои ќе ви помогнат во исфрлање на вишокот отрови и ќе ги намалат негативните реакции од алкохолот.

Вода

Алкохолот е диуретик кој ги исфрла течностите од телото. Кога не преостанува ништо друго, телото почнува да ја црпи водата од единствениот преостанат извор, мозокот, и поради тоа настануваат главоболки. Внесувањето вода пред спиење може да ги спречи утринските главоболки, но еднакво важно е пиењето вода и следното утро.

Спортски пијалаци и кокосова вода

Внесувањето спортските пијалаци во организмот ги враќа потребните електролити што се изгубени поради преголемата консумација на алкохол. Кокосовата вода има дури 5 електролити кои се пронајдени во крвта на човекот, а спортската вода најчесто има само два.

Ѓумбир или чај од нане

За смирување на желудочните тегоби и нагонот за повраќање најдобар е чајот од нане. Ефективен против мачнини е и чајот од ѓумбир.

Банана

Бананата е богата со калиум и со магнезиум, најзначајните електроилити што се губат при внесување на алкохол. Недостатокот на калиум доведува до умор, грчеви и мачнини.

Масна храна

Јадењето храна со висок процент на маснотии може да го намали ризикот од мамурлак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот