Како да се справите со затнатиот нос? Три природни начини да се спасите од слузта

Време е на настинки кои се често проследени со затнување на носот и здодевно слузење.

Во продолжение погледнете на кои начини можете да се спасите од слузта од носот по природен пат.

Јаболков оцет
Неколку кафени лажици јаболков оцет во текот на денот ќе ви помогнат да го спречите прекумерното производство на слуз и да ја урамнотежите pH-вредноста во телото.

Босилек
Инхалирањето чај од босилек е стар рецепт што сме го заборавиле. Сè што треба да направите е да сварите чај од босилек и да инхалирате над него. Исчезнуваат слузта и сите непријатни појави што ги следат настинките и вирусите.

Чај од ѓумбир
Изрендајте корен од ѓумбир, па прелејте го со две шолји зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа исцедете. Додајте малку мед и испијте го чајот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот