Како да се препознае коронавирусот кај децата? Ова се симптомите кои секој родител мора да ги запамти

Во 82 отсто од случаите кај децата и младите заразени со ковид-19, покачената температура е прв знак на заразата, а потоа и кашлица, односно со спротивен распоред од обичниот сезонски грип, стои во заклучокот од истражувањето спроведено од италијанското здружение на педијатри и инфектолози.

Според пишувањата на магазинот „Фанпејџ“, специјалистите анализирале речиси 800 случаи на зараза со коронавирус кај децата и утврдиле дека третиот најчест знак на инфекција со ковид-19 кај децата е затнат нос, а потоа и пролив.

– Постојат и други симптоми како на пример повраќање, главоболки, проблеми со дишењето, болки во стомакот, инфекции на кожата, но сите симптоми кај децата, освен во посебни случаи, се благи, што отежнува да се воспостави дијагноза, вели претседателот на италијанското здружение на педијатри, професорот Алберето Кјара.

Истражувањето покажало дека децата помали од една година кои се инфицирани со коронавирусот најчесто имаат кашлица и затнат нос, а според мислењето или советот на педијатрите, стомачните проблеми кај децата исто така можат да бидат знак за аларм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот