Како да разликувате нормална од „смртоносна“ кашлица?

Фото Профимедиа

Во денешно време, многумина веднаш ќе ја поврзат кашлицата со коронавирусот, но вистината е дека ако не е со минлив карактер и поврзана со алергија или настинка, кашлицата може да укажува и на многу полоши болести како што е ракот на белите дробови.

Во текот на пандемијата на коронавирусот, фокусот беше ставен на симптомите на респираторните болести и на многумина им беше тешко да разликуваат „нормална“ кашлица од „смртоносна“ што може да укажува на рак на белите дробови, пишува „Слободна Далмација“.

Затоа, доколку забележите некои од овие симптоми, неопходно е веднаш да се јавите кај вашиот лекар:

– постојано останување без здив

– кашлица со исфрлање крв

– кашлица која трае три недели

Други вообичаени симптоми на рак на белите дробови вклучуваат:

– отекување на лицето

–  чести инфекции

–  згрутчување на крвта

–  ненормално високо ниво на калциум

Навремената посета на лекар овозможува и побрзо дијагностицирање на болеста, со што се поголеми шансите за продолжување на животот, велат научниците.

Идентификувањето и дијагностицирањето на ракот во најраните фази е најефективниот начин да се ограничи неговото ширење, да се доведе во ремисија и да се зголемат шансите за преживување, истакнуваат британските лекари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот