Како да препознаете дека на вашето тело му недостига магнезиум? Минералот кој е важен за виталните функции!

Ако припаѓате на мнозинството, веројатно имате недостаток на магнезиум. Истражувањата покажаа дека дури 75 проценти од Американците страдаат од недостаток на овој минерал, пишува Healthline. Тој е исклучително важен за многу витални процеси, а неговиот недостаток се манифестира како депресија, грчеви во мускулите, аритмии, варење и многу повеќе.

Ако страдате од мигрена, симптоми на ПМС, промени во расположението, мускулни грчеви или неправилно чукање на срцето, основната причина може да биде недостаток на магнезиум.

„Луѓето кои пијат алкохол, јадат лошо, имаат гастроинтестинални проблеми или недостаток на витамин Д имаат поголем ризик од недостаток на магнезиум“, тврди докторката Ејми Шапиро.

Ако се чувствувате уморни, чувствувате грчеви во мускулите или не можете да се опуштите, време е да размислите за зголемен внес на магнезиум. Добрата вест е дека е достапен за секого, или преку храна или како додаток во исхраната. Може да се апсорбира и преку кожата, па затоа денес е на пазарот во форма на снегулки што се додаваат во бањата, а исто така е и состојка на некои креми.

На жените им требаат 310 до 320 милиграми магнезиум на ден, а тој број расте ако сте бремена. За мажите, препорачаниот дневен внес на магнезиум е до 400 милиграми. Храна како темно чоколадо, авокадо, лиснат зеленчук, ореви, семиња, банани содржи многу магнезиум.

Недостаток на магнезиум може да се открие со земање крв, па затоа е препорачливо да посетите лекар ако сте загрижени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот