Како да препознаете дали сте „закачиле“ омикрон, делта, грип и настинка?

Фото: Профимедиа

Луѓето кои ќе почувствуваат кој било од овие симптоми, точно ќе знаат дали се заразени со коронавирус, дали имаат грип или се само настинати.

Сезоната на грип и вируси е во полн ек, а присутни се и настинките и коронавирусот, па и новиот сој омикрон, за кој експертите велат дека е позаразен од сојот делта.

Симптомите на настинка, грип и коронавирус се разликуваат едни од други, а според присуството или отсуството на зголемената телесна температура можете наједноставно да препознаете која болест сте ја фатиле.

Симптоми на настинка

Британскиот здравствен систем издвоил неколку најчести симптоми на настинка, нагласувајќи дека тие главно се појавуваат постепено:

– болка во грлото

– затнат нос или течење од носот

– главоболка

– болка во мускулите

– кивавица и кашлица

– притисок во ушите

– зголемена телесна температура

– губење на сетилото за мирис и вкус

Симптомите се исти и кај возрасните и кај децата, со тоа што кај децата може подолго да траат.

Симптоми на грип

Според податоците на британскиот здравствен систем, симптоми на грип се:

– треска и температура повисока од 38 степени

– чувство на замор и исцрпеност

– болка во телото

– сува кашлица

– главоболка

– болка во грлото

– проблеми со спиењето

– губење апетит

– дијареја или болки во стомакот

Симптоми на коронавирус

Од почетокот на епидемијата, симптомите на коронавирусот се менуваа, но лекарите како главни ги издвоија:

– зголемена телесна температура

– ненадејна кашлица што трае

– промена или губење на сетилото за мирис и вкус

Симптоми на сојот делта

Според податоците собрани преку апликацијата „ЗОЕ“, симптомите што се појавуваат зависат од тоа дали сте вакцинирани и колку дози на вакцина сте примиле.

Симптоми по две дози вакцина:

– течење од носот

– главоболка

– болка во грлото

– кивавица

– губење на сетилото за мирис

Симптоми по една доза:

– главоболка

– течење од носот

– болка во грлото

– кивавица

– упорна кашлица

Симптоми на сојот омикрон

Според најновите податоци од Лондон, каде што има најмногу заразени со омикрон во Велика Британија, научниците издвоиле пет главни симптоми на овој сој:

– главоболка

– течење од носот

– замор (благ или драстичен)

– болка во грлото

– кивавица

Експертите нагласуваат дека како симптоми на омикрон се појавуваат и губење на апетитот и мачнина, ноќно потење и засипнат глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот