Како да препознаете чист природен мед? - Слободен печат
ЕспресоЖенаХрана

Како да препознаете чист природен мед?

Поради тоа што содржи шеќер, сируп и други хемикалии има сосема различна нутритивна вредност, а и многу полесно се произведува од вистинскиот мед

Во сите маркети можете да најдете секакви видови на мед. Сите гарантираат одличен вкус и висок квалитет. Но, сѐ почесто и почесто среќаваме медови кои содржат безброј адитиви. Ваквиот фалсификат на мед е поевтин, но може да биде навистина штетен по здравјето.

Поради тоа што содржи шеќер, сируп и други хемикалии има сосема различна нутритивна вредност, а и многу полесно се произведува од вистинскиот мед. Потоа поминува низ различни фази на производство за да изгледа исто како природен мед.

Затоа споделуваме со вас три трикови кои ќе ви помогнат да препознаете чист природен мед:  

1. Тест со вода

Наполнете тегла со вода. Сипете малку мед со лажичка. Доколку медот веднаш се раствори и многу брзо се меша со водата значи дека не е чист мед. Ако стане како грутка на долниот дел од теглата или му треба време да се раствори во водата, во тој случај е чист природен мед.

мед

2. Тест со рака

Ова е многу едноставен начин да тестирате. Сипете само една капка мед на вашиот нокот од палецот. Доколку медот се растече на сите страни, тоа значи дека не е чист мед. Ако седи на место во форма на грутка, значи дека е чист природен мед.

3. Тест за течност

Медот кој содржи хемикалии и адитиви е најчесто течен како сируп. За да проверите дали вашиот мед е таков, сипете малку мед во една чинија. Со лажицата размачкајте го медот и видете од каква смеса е направен.

Ако ја земете чинијата во раце и ја навалете и медот почнува да се разлева низ целата чинија, во тој случај не е природен мед. Напротив, природниот мед никогаш нема да се разлева како сируп. Туку, ќе формира линија која многу малку ќе мрда колку и да ја навалувате чинијата.

Каков е кристализираниот мед?

Најчесто кристализираниот мед е природен мед. Многу е тешко да се направи лажен кристализиран мед. Возможно е, но не се практикува.

Доколку имате кристализиран мед и сакате да дознаете дали е фалсификат или не, за жал ова може да се докаже само со хемиска анализа. Но, најголем процент од овој е природен вистински мед. Со други зборови, нема потреба да се грижите.

Каде да најдам природен мед?

Природните медови се далеку поскапи од оние кои содржат хемикалии. Најчесто луѓето советуваат да се купи мед од познат пчелар. Доколку сакате да купите од најблискиот маркет, читајте ги состојките. На нив би требало да пишува кои состојки ги има тој мед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close