Како да познаете дали имате брз метаболизам?

Метаболизмот делумно зависи од генетските предиспозиции, но и од изборот на животен стил на личноста.

Овој процес се одвива внатре во нас, практично е невидлив, а и сигурно не размислувате често за него. Но вистината е дека тој е оној кој ве движи и ви помага да ги вршите сите физиолошки процеси потребни за да се одржите во живот.

Проверете дали овие знаци важат за вас, за да знаете дали всушност имате брз метаболизам:

Жешко ви е

Постојано ви е топло и се потите, дури и кога на останатите им е сосема пријатно, па дури и по малку ладно.

Ви се јаде

Луѓето со брз метаболизам брзо ја согоруваат храната и ја претвораат во енергија, па им е потребно постојано дополнување на резервоарот.

Три оброка не ви се доволни

Вообичаен знак дека имате брз метаболизам е експресното искористување на енергијата од оброците и потребата да имате барем уште неколку оброци, поркај трите редовни.

Редовно ги празните цревата

Гладот и празнењето на цревата се директна последица на метаболизмот. Треба да бидете среќни поради редовното празнење на цревата, бидејќи на тој начин сте сигурни дека во вашето тело не се задржува „отпад“ од храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот