Ка­ко да по­мог­не­ме до­кол­ку наш бли­зок е хи­по­хон­дрик?

Profimedia

По­ра­ди сè по­лес­ни­от прис­тап до од­ре­де­ни ин­фор­ма­ции, лу­ѓе­то сè по­чес­то се оби­ду­ва­ат да нај­дат ин­фор­ма­ции око­лу од­ре­де­ни бо­лести, а дел од нив ко­га ќе ги про­чи­та­ат вак­ви­те ин­фор­ма­ции, вед­наш за­поч­ну­ва­ат да чув­ству­ва­ат од­ре­де­ни те­гоби, слич­ни на оние што до пред мал­ку ги чи­тале.

Вак­ви­те лу­ѓе се по­ве­ќеб­рој­ни па от­ту­ка се по­ста­ву­ва пра­ша­њето, што да нап­ра­ви­ме до­кол­ку не­кој наш бли­зок член во се­меј­ство­то или при­ја­тел е хи­по­хон­дрик, од­нос­но ка­ко да му по­мог­неме.

По­мош од струч­но лице

Иа­ко вак­ва­та по­ста­пка на „ра­зу­бе­ду­вање“ на лич­нос­та де­ка е здра­ва и де­ка не­ма ре­ал­на пот­ре­ба да се пла­ши де­ка неш­то ло­шо мо­же да му се случи, се­пак вре­ди да се оби­де­ме би­деј­ќи вак­ва­та сос­тој­ба знае да би­де на­вис­ти­на опас­на до­кол­ку про­дол­жи да трае по­долг вре­мен­ски пе­риод.

Нај­доб­ро ре­ше­ние за вак­ва­та сос­тој­ба би би­ло ва­ши­от бли­зок да го од­не­се­те кај со­од­вет­но струч­но лице, од­нос­но пси­хо­те­ра­певт што ќе ра­бо­ти со хи­по­хон­дрич­ни­от па­ци­ент.

Стра­вот и воз­не­ми­ре­нос­та мо­же зна­чи­тел­но да се на­ма­лат кај хи­по­хон­дри­кот пре­ку до­пол­ни­тел­но еду­ци­ра­ње за проб­ле­мот.

Да­ли овие лу­ѓе на­вис­ти­на се болни?

Во по­след­но вре­ме сè пог­лас­ни се твр­де­ња­та де­ка хи­по­хон­дри­ци­те на­вис­ти­на се болни, но да­ли на­вис­ти­на е така? Спо­ред твр­де­ња­та на од­ре­де­ни здрав­стве­ни ра­бот­ници, хи­по­хон­дри­ци­те всушност стра­да­ат од рет­ка бо­лест име­ну­ва­на ка­ко Фа­бри­е­ва бо­лест. Спо­ред нив, оваа бо­лест мо­же дол­го вре­ме да ос­та­не не­со­од­вет­но тре­ти­ра­на за­тоа што да­ва сим­пто­ми слич­ни на хи­по­хон­дри­ја­та од­нос­но па­ци­ен­ти­те бол­ни од оваа бо­лест ре­чи­си се­кој­днев­но чув­ству­ва­ат бол­ки на раз­лич­ни мес­та од те­лото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот