Како да освојам грен слем титула кога морам да играм против Ѓоковиќ и Федерер

Ришар Гарске се сметаше за еден од најталентираните француски тенисери со најубавиот за око еднорачен бекенд. Но, Гаске не ги оправда очекувањата на француската јавност и експертите, не успеа да освои грен слем титула. Вината за неговиот неуспех ја гледа во тоа што тој игра во ерата на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Ривали ни се најдобрите тројца тенисери во историјата. Не сакам да зборувам јавно за тоа, но никој никогаш не бил подобар од нив. А, сите тројца, Федерер, Надал и Ѓоковиќ, играат во иста тениска ера. Секогаш кога ќе дојдев до полуфинале на грен слем, играв против нив – вели Гаске.

Французинот признава дека на големите турнири како грен слем, никогаш немал лесен ждреп и поради тоа не беше во можност да триумфира. Иако сите мислат дека ривалите имаат психолошки проблеми кога играат против големата тројка, Гаске вели дека квалитет на Федерер, Надал и Ѓоковиќ е над конкуренцијата.

– Технички Федерер е најдобар, но и Ѓоковиќ. На сите ние кои сме им конкуренти проблемот не ни е од психички причини, туку во тоа што тие тројца немаат никакви мани, а мојата е сервисот. Тие се во врвна форма од јануари до ноември, без некакви падови во играта. Кај останатите големи тенисери како Андре Агаси и Пит Сампрас можеа да се очекуваат нешто послаби резултати на земја, додека Ѓоковиќ, Надал и Федерер се доминантни на сите подлоги – вели Гаске.

Ришар Гаске моментно се наоѓа на 33 позиција на АТП ранг листата, а најдобриот пласман го имаше 2007 година кога беше седми тенисер на светот. Во кариерата освои 15 титули, а има порази во 16 финални натпревари на АТП турнирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот