Како да одгледувате шери домати во домот?

Unsplash

Шери доматите многу лесно можете да ги одгледувате во домашни услови ако следите неколку важни совети.

Прво треба да набавите семе. Постојат многу видови, но ако првпат одгледувате чери домати, почнете со обична сорта. Потребни ќе ви бидат само неколку семки, бидејќи две билки се сосема  доволни за едно средно домаќинство.


Најдобри сорти за наши услови се средно рани и доцни. Садниците можете да ги набавите и од пазар. А ако изберете семе, засадете го во саксии полни со мешавина од земја и тресет. Поставете ги на сончево место. Можете да користите празни канчиња од кисело млеко или мини саксии од цвеќарница.

По еден месец расадот е подготвен да го пресадите во поголеми саксии во кои ќе ставите природно ѓубриво. Избирајте јаки и добро развиени садници. При садење цел корен треба да влезе во земјата до зелениот дел од стебленцето. Потоа дополнете со земја и полејте со вода. Чувајте ги на јужна страна. Полевајте ги секои два дена. А на две недели поѓубрете со течно ѓубриво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KT Low (@eatwithbenny)


Кога доволно ќе порасне стеблото, покрај него ставете дрвена летва за да стои нагоре и цвета. Врвот скинете го на растојание од еден или два листа над цветот. Ако во основата има нови стебленца, отстранувајте ги редовно. И чекајте ги првите плодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот