Како да одберете совршени праски?

Љубителите на ова сочно сезонско овошје, во овој период од годината можат неограничено да уживаат во вкусот на праската. Сепак, нема поголемо разочарување од тоа, кога вашето омилено овошје кое штотуку сте го купиле е зелено и кисело, наместо сочно и со интензивен вкус и мирис на праска, каков што и сте очекувале

Понудата на овошје и зеленчук на зелените пазари и во маркетите е огромна, па потрошувачите многу често се во недоумица кој производ е вистинскиот за нив.

Сега, кога е сезоната на праските, изборот од ова вкусно и неверојатно здраво овошје е огромен, па љубителите мака мачат околу тоа како да одберат сочен и зрел плод, кој не е безброј пати хемиски третиран.

Само љубителите на праски знаат колку е разочарувачки кога ќе купите од ова овошје и кога ќе го загризете и наместо очекуваната сочност и мекост, ќе наидете на тврда праска и во тој момент сфаќате дека не е ниту сочна ниту вкусна.

Прочитајте и...  Девојката на Луис Хамилтон, бујната Викторија се соблече скроз гола! (ФОТО)

Затоа, обидете се да се водите по овие критериуми, секогаш кога ќе се најдете пред тезга полна со ова вкусно овошје.

Боја

Совршено е кога секоја праска има златно-жолта внатрешност и жолто-црвена лушпа. За жал, многу ретко може да се купи вакво совршено парче овошје. Ваквата привилегија ја имаат само оние што во своите дворови одгледуваат садници со праски.

Сепак, не очајувајте. Наместо тоа, пред да го направите изборот околу тоа кои праски сакате да ги купите, земете една праска во раце и убаво разгледајте ја. Доколку кората на праската е зеленкаста, особено во делот каде што до скоро стоела рачката, во тој случај имајте на ум дека оваа праска не е доволно зрела. Доколку не планирате овошките да ги јадете во текот на денот кога ги купувате, во тој случај можеби е и подобро да купите вакви праски. Комплетно зрелите праски имаат краток рок на траење и тие мора да се јадат веднаш.

Прочитајте и...  Дознал дека сопругата го изневерува со помош на Гугл мапс

Доколку праските планирате да ги консумирате веднаш, во тој случај нивната површина треба да биде обвиткана со златно-црвена боја и да биде мека на допир. Доколку плодот што го држите во рака ги има сите овие карактеристики, во тој случај бидете сигурни дека ја имате вистинската храна за вас.

нектарини праски

Мирис

Мирисот на зрелата и сочна праска се чувствува оддалеку. Затоа, плодот што имате намера да го ставите во вашата кошничка и да го купите, најпрвин убаво мириснете го. Доколку плодот е зрел, тој ќе има интензивен мирис. Ако во рака држите недозреана праска, воопшто нема да мириса. Секогаш водете се од тоа дека праска што нема мирис, нема ни вкус.

Мека површина

Кога ќе го земете плодот во рацете, нежно притиснете го. Доколку почувствувате мекост, во тој случај овошјето е зрело и подготвено за јадење. Доколку површината на праската е цврста, станува збор за недозреано овошје. Сепак, имајте на ум дека не е лошо да купите плодови со различно ниво на зрелост, бидејќи сигурно немате намера сите нив да ги изедете во текот на денот.

Прочитајте и...  За шест години проживеа како за шест животи: Неверојатниот подем и пад на Жан Мишел Баскија (ФОТО/ВИДЕО)

Како правилно да ги складирате веќе купените праски

Купените праски секогаш чувајте ги на собна температура и никогаш немојте да ги сладирате во фрижидер. Ниската температура, ќе им го „уништи“ вкусот дури за 40 отсто, а вие како љубител на праски тоа во никој случај не го сакате. Исто така, многу важно е праските да се мијат непосредно пред да се јадат. Доколку праските ги миете и ги чувате неколку часови, ќе почнат да се расипуваат многу брзо.

Прочитај повеќе

Дознал дека сопругата го изневерува со помош на Гугл мапс

Слободен печат

Дејвид Бекам со децата на одмор во Грција, Викторија не е со нив

Слободен печат

7 најдобри астро комбинации за брак: Дали сте меѓу нив?

Слободен печат

Шерон Стоун: Ја измамив смртта трипати! Како ќе умрам следниот пат?

Слободен печат

Шон Конери е избран за најдобриот Џејмс Бонд во историјата (ФОТО)

Слободен печат

ФАСТ-тест – за брзо препознавање на мозочен удар

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хороскоп за 13 август: Животот е убав за оние што знаат да го живеат

Слободен печат

За шест години проживеа како за шест животи: Неверојатниот подем и пад на Жан Мишел Баскија (ФОТО/ВИДЕО)

В.Т.

Што се случува тука? Српската пејачка Милица Павловиќ го прослави роденденот, гушкајќи и бакнувајќи го Аца Лукас! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Научниците објаснија зошто мораме да носиме маски и направија нивно рангирање од најлоши до најдобри (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Повеќе не живеат во Лос Анџелес – Меган и Хари повторно се преселија во нова вила до уште попознати соседи

Слободен печат

Копија на мама: Манекенката Катарина Ивановска објави фотографија од својата ќерка Кира! (ФОТО)

Васко Спасоски