Како да одберете подарок за дете според возраста

profimedia

Нема дете кое не се радува на играчка, без разлика на тоа дали се подарува со повод или не. Сепак, добро е да се знае кои играчки за деца одговараат на нивната возраст и кои играчки ќе им бидат интересни.

Јунаците од цртаните филмови – играчки за најмалите

Универзален подарок кој е одличен за момченцата, но и за девојчињата на возраст од две или три години се оние кои на некој начин ги претставуваат омилените ликови од цртаните филмови. На оваа возраст децата уживаат да гледаат цртани филмови и често се поистоветуваат со главните јунаци.

Тротинет и трицикл

Одличен подарок се и тротинетите и трициклите (возило со три тркала) зашто ја поттикнуваат физичката активност кај децата. Трициклите можат да се купат и на деца дури и веднаш штом проодат, а со тоа би учеле да ги движат педалите и би правеле самостални движења. Тротинетите за деца денес се многу популарни, а можат да имаат две или три тркалца. Посебно се атрактивни тротинетите во бои или со ликови од јунаците од цртаните филмови.

profimedia

Едукативни играчки

Покрај стандардните кукли и играчки кои овозможуваат играње, дружење и возење, тука се и едукативните играчки. Тие се одличен подарок од првите денови па се до училишна возраст на детето. Тука се вбројуваат музичките играчки, Лаго и класични коцки, играчки со механизам за учење зборови, бројки и букви, дрвени кутии и коцки за учење на форми и слично. Играчките за бебиња, како што се на пример, вртелешките или глодалките, имаат и едукативен карактер за привлекување внимание, забележување на звуци и развој на движењето на вилицата.

За тригодишни деца одлични се играчките за правење форми, поголеми коцки и слично. За деца над пет години, се препорачуваат сложувалки (пазлс), но и друштвени игри. Едукативните играчки имаат за цел да ја развијат комуникациската вештина, способноста за забележување, разликување и помнење.

Има различни видови и категории на играчки кои влијаат на едукацијата и ширење на знаењето, на развојот на спортските вештини, но и на зближување со другите деца преку играта. Затоа во детството играчките се незаменливи, па треба да се подаруваат и без посебни поводи и причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот