Како да одберете квалитетна долна облека? Да, дури и бојата е важна

профимедиа

Иако разнобојната долна облека е пријатна за окото, не може да ја перете на висока температура, а многу често се произведува од ефтини материјали како што е синтетика.

Се прашувате по кои критериуми најдобро се избира долна облека? Што е тоа што на вашиот тип на градба најдобро одговара и кои материјали ќе бидат пријатни за вашата кожа? Дали сте процениле што е тоа што Вам, лично, најдобро ви прилега?

Без разлика дали за себе избирате боксерки, слип или класични модели, танга и слично, мора да знаете на што треба да обрнете внимание кога купувате долна облека.

Проверени производители – најважна ставка

Купувајте од проверен производител. Пазарот е презаситен со разни производители и компании кои изработуваат најразлични модели на долна облека и затоа е тешко да се одбере кој производител е најдобар за вас. Најважна работа е долната облека да биде изработена од квалитетни материјали и да обезбедува максимална удобност. Затоа добриот избор на производител од кој ќе купувате долна облека е „вреден злато“, зашто пред се, стекнал голема доверба кај своите купувачи, а со самото тоа и долгорочни клиенти кои често ќе му се враќаат.

Квалитетен материјал

Со оглед на тоа дека оваа облека директно го допира (и покрива) телото, особено интимните делови, од клучно значење е квалитетот на материјалот. Дали е вештачки или природен? Дали содржи синтетика која ја иритира кожата? Дали долната облека е изработена од 100 отсто памук и дали содржи одредени проценти на еластин во себе кој е многу важна компонента за чувство на удобност? Запомнете дека најдобар избор е памук зашто во пракса се покажал како најпогоден и најпријатен за кожата.

Кога одбирате долна облека задолжително обрнете внимание на составот на материјалот, особено ако имате чувствителна кожа која е подложна на иритации и алергии. Не заборавајте дека квалитетни материјали најчесто користат проверени, реномирани производители на долна облека кај кои сигурно ќе најдете се она што е наопходно.

Удобноста на прво место

Квалитетните материјали ќе придонесат да се чувствувате удобно и пријатно, а комфорот е секако нешто што нема цена. Затоа е важно да одберете долна облека која совршено ќе ви одговара и која нема да ве иритира на секој чекор.

Добро водете грижа за големината на долната облека, треба да одберете вистински број за вас, ни претесен ни преширок.

Адекватен модел во согласност со градбата

Важно е да одберете адекватен модел на долна облека во согласност со вашиот тип на градба. Боксерките се одличен избор доколку барате удобност, меѓутоа овој модел нема да прилега на оние кои имаат кратки нозе туку исклучително на оние со атлетска градба и со тесен струк.

Доколку сакате удобна долна облека, тука се класичните модели, додека за истакнување на сексапилот најдобар избор е тангата од квалитетен материјал.

Крупните личности со поголем стомак би требало да изберат длабока долна облека со висок струк за да го покријат тоа подрачје. Слабите луѓе пак, со долги нозе, можат да носат боксерки, танга, модел бразилијана и слип модели, додека оние со истакнати облини можат да носат модели со висок појас.

Различни модели за секоја пригода

Многу важна ставка е при изборот на долната облека да избирате различни модели за различни прилики. За спорт и за тренинг изберете активна долна облека погодна за вакви активности, за елегантни прилики – долна облека која не се оцртува под облеката, за домашна употреба – класични модели и слично.

Не заборавајте дека чистотата е многу важен фактот во одржување на долната облека која ќе трае повеќе години. Водете сметка на начинот на перење според материјалот.

Бојата е важна, белата долна облека е најпогодна

Дали некогаш сте се запрашале зашто белата долна облека најмногу се препорачува? Постојат две причини. Првата е дека белата боја е единствена која може да се испере на температура од 90 степени која е најпогодна за ефикасно и длабинско перење на облеката. Другата причина е дека белата долна облека воглавно се прави од природни материјали (памук) кои се пријатни за кожата.

Иако разнобојната долна облека е пријатна за окото, таа најчесто е невклоплива во различната гардероба, не е можно да ја перете на висока температура, а многу често се произведува од ефтини материјали како што е синтетика и слично.

Тангата би требала да е избор само за посебни прилики

Тангата би требала да е последен избор, советува Џил М. Рабин.

– Во дебелото црево се наоѓа бактерија Ешерихија коли која со носење на танга лесно може да се пренесе на слузницата на половиот орган и тогаш лесно може да се појават здравствени проблеми. Колку и да не сакате преку панталоните, особено ако се тесни, да ви се оцртуваат гаќите, тангата би требала да биде избор само за посебни прилики, објаснува Рабин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот