Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Како да не пишуваме во учебникот по математика, кога е замислен како работна тетратка? – прашува наставникот Бумбароски

До кога во образованието ќе одлучуваат луѓе кои не поминале ниту еден ден пред зелената табла со креда во рака? – се прашува наставникот во основно училиште од Прилеп, Гоце Бумбароски, кој е револтиран од тоа што Министерството за образование и наука (МОН) им забранило на учениците да пишуваат во учебникот по математика за четврто одделение.
„Минатата недела конечно добивме учебници по Македонски јазик и Математика за IV одделение, по три месеци од почетокот на учебната година. Ден – два потоа пристигна допис (информација) од МОН дека учениците не смеат да пишуваат во учебникот по математика. Три месеци работиме без учебници и откако пристигнаа – не смее да се пишува во нив, каква иронија…“, пишува Бумбароски на Фејсбук.
Тој прашува зошто не смее да се пишува, кога и самите учебници се направени така што бараат во нив да се пишуваат решенијата на задачите.
„Нели се конципирани во форма на работни тетратки каде што зададените задачи и активности меѓу другото налагаат и решавање во самата книга? Дури и текстовите на задачите се насочени во тој правец. Ги повикувам од МОН на чело со министерот да си ја преиспитаат оваа несериозна одлука и ведаш ја повлечат. На моите ученици нема да им го скратам правото да пишуваат во учебниците. Тие се за нив и ќе ги користат онака како што треба“, пишува Бумбароски.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
17мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5