8 C
Скопје

Како да направите малата кујна да изгледа пространo: Супер практични трикови! (ФОТО)

Еве неколку совети за тоа како барем визуелно да се „зголеми” вашата мала кујна…

За многумина, кујната е најважната просторија во домот, па токму затоа е важно таа да биде пространа. За жал, ова често не е случај, но за среќа, не е потребна магија за да се зголеми кујната. Универзалното правило кога станува збор за сите мали простории, важи и овде – избегнувајте темни бои и изберете светли, по можност бела затоа што таа визуелно проширува. Покрај тоа, еве уште неколку совети како да се „зголеми” малата кујна.

Фото: Инстаграм

Плитки делови – Кога станува збор за горните делови од кујната, одамна се користат оние што се поплитки од стандардот. Но, ако вашата кујна е навистина мала, размислете да ги направите и долните помали и поплитки“. Точно, ќе изгубите на просторот за складирање, но ќе добиете простор да се движите низ кујната. Размислете и за помал  фрижидер, особено ако сте мало семејство или не готвите често.

Прочитајте и...  Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“
Фото: Инстаграм

Стакло – исто како што се препорачува огледало во мали дневни соби, затоа што рефлектира светлина и ја прави просторијата поголема, така и во кујните треба да користите што е можно повеќе стаклени површини, без оглед даи на вратите од плакарите или кујнските уреди.

Фото: Инстаграм

Отворени полици – Стравот од немање доволно простор за складирање веројатно ќе ве натера да го користите секој можен агол за висечкиот дел, но одолејте му на тој порив. Еден дел резервирајте го за неколку отворени полици кои се совршени за чување работи што ги користите секој ден , а визуелно ќе се  „отвори“ простор што ќе дише. Не мора да правите специјални полици , доволно е да ја отстраните вратата од плакарчето.

Прочитајте и...  Што ќе се случи со интервјуто на Меган и Хари доколку состојбата на принцот Филип се влоши? Продуцентите на емисијата не дозволуваат одложување!
Фото: Инстаграм

Совет плус: Одржувајте ја кујната уредна, бидејќи на мал простор, секој хаос е удвоен. Затоа, садовите веднаш ставете ги во машината и ставете се на место, така што кујната нема ве „гуши“.

Поврзани вести

„Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

Слободен печат

ВИДЕО | Сон на секој што чува домашно милениче и нема двор: Лола е куче што користи нокшир!

Слободен печат

Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Слободен печат

ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Слободен печат

Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Слободен печат

ФОТО: Максимализам, новиот популарен тренд во уредување на домот

Слободен печат

Остави Коментар