Како да ја зајакнете Вашата самодоверба? Преку Вашиот стил!

стил самодоверба
Фото: Profimedia

Сликата што ја проектираме преку нашaта појава, облека и темперамент испраќа важна порака на сите со кои секојдневно доагаме во допир – нашите колеги , клиенти,  претпоставени и сите со кои се среќаваме.

Во првите неколку секунди при средба со некој нов, врз основа на Вашата појава тој донесува инстант суд за тоа кои сте, колку сте важни, колку сте интелигентни и дали сте вредни за неговото време. Во најголема мера ова е потсвесна особина на човечкиот вид која ни е диктирана преку дефинициите на општеството за тоа што е идеално во однос на стереотипното совршенство. Овие впечатоци најчесто остануваат непроменети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Self Style (@self_italy)

Што е самодоверба?

Во најчиста смисла, самодовербата е да знаете во што сте добри, вредноста што ја оддавате и начин на кој дејствувате за да можете да им го пренесете тоа на другите. Спротивно на ова, со ароганција вообичаено се искажува дека верувате дека сте подобри во одредена област отколку што навистина сте, или пак е тоа ниска самодоверба која подразбира дека верувате дека сте помалку вредни отколку што мислите. Колку е поблиску вашата самопроценка до реалноста во средина, и колку повеќе се однесувате соодветно, толку поблиску сте да покажете здрава самодоверба.

Настрана од психолошките алатки со кои професионалците можат да помогнат во градењето на самодовербата на оние на кои име потребно, во практика се покажува како облеката и модата можат да ви помогнат во темелување на прекрасна основа на градење на самодоверба преку сопствениот стил.

За жал, живееме во свет каде се’ се сведува на прв впечаток и каде внатрешната убавина е занемарена. Тоа сето влијае на самодовербата поденакво и кај мажите и кај жените. Презаситени сме со извештаи и написи за тоа како жената може да се стекне со повеќе атрактивност или како еден маж може да биде самоуверен во привлекувањето жени. Многу малку внимание се посветува на тоа како да се изгради самодоверба  за себе, особено преку соодветна употреба на облека и мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Man Fashion (@menfashionpics)

Начинот на кој се облекуваме има длабоко влијание врз тоа какви се нашите чувства кон себеси, во голема мерка влијае врз нашата самодоверба а со тоа и на  нашето однесување, нашата самодоверба кога зборуваме , што повторно се одразува во впечатокот што го оставаме врз другите. Ако се облекувате многу елегантно, неверојатно е колку многу луѓе ќе искоментираат за тоа колку добро изгледате, колку многу им се допаѓа облеката што ја носите или ќе се искажат  за чевлите или вратоврската што ја носите, и ќе бидете воодушевени колку многу самодоверба ви даваат овие мали коментари . Таа самодоверба ќе влијае на Вашето однесување и начинот на кој говорите, а како резултат на сето тоа е што ќе звучите многу поинтелигентно и самоуверено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Man Fashion (@menfashionpics)

Најдобар начин да си дадете самодоверба преку модата е да  гледате на облеката како на парчиња оклоп. Прво, оклопот е направен за да се заштити од надворешните влијанија, па зошто да не се икористи истиот процес на размислување за да овозможи да се гради самодовербата слој по слој. Плус тоа, сите сме сè уште мали деца одвнатре кои сакаат да играат облекување и да бидат супер херои или воини за еден ден. Сите имаме денови кога не се чувствуваме подготвени да го освоиме светот, па најдобриот начин да се справите со тоа е со секое парче облека што ќе го додадете на вашето тело да замислите дека додавате сè поголема самодоверба во вашата личност.

Добрите познавачи на модата секогаш се залагаат за идејата за инвестирање во извонредно квалитетни парчиња на облека, а  причина зошто тоа е толку важно е во тоа што носењето одлична облека може да направи да се чувствувате неверојатно. Сите имаме облека која ја сакаме и ја претпочитаме пред останатата, па затоа искористете ја во своја полза кога ќе се подготвувате наутро.  Постои огромна разлика во чувството кога се носи нешто во кое изгледате добро. Размислете за тоа колку добро се чувствувате во јавност со внимателно избраната стилска облека во споредба со излегувањето на куќата во тренерки .

Еден од омилени цитати доаѓа од Карл Лагерфелд:

“Тренерките се знак на предавање. Си изгубил/а контрола над животот, па си купил/а тренерки”

Друг совет за луѓето на кои им недостасува одредено ниво на самодоверба е да се гледаат себеси како лик, свој јунак или да се инспирираат од некој што го преферираат. Ова овозможува голема почетна точка за да се разбере како сакате да изгледате во однос на стилот и како сакате Вашата самодоверба да им се покаже на другите. Можеби сте свесни за карактеристиката што ја нарекуваме „Икони во стилот“, парчиња за стилот на славна личност и за тоа како гледаме кон одредени мажи од Ентертејмент индустријата за инспирација во стилот и како да носиме одредени изгледи или трендови.

Никогаш не се споредувајте со некоја личност таму, без разлика дали е тоа во врска со успехот , модата и стилот. Треба да се фокусирате само на Вас и на сопствениот стил. Гледајќи во некој друг и неговиот успех може да развие негативни мисли за Вашите сопствени достигнувања. Овие совети се за манифестирање на самодоверба преку Вашиот стил, а не за намалување на тоа преку егото.

Клучот тука е да пронајдете некој со кој може да се видите на ниво на аспект на карактеристиките, за чисто за градење  на самодоверба и за игнорирање на Вашето его . Главна грешка што многумина ја прават кога се обидуваат да ја искористат оваа „инспирација во стилот“ е што се споредуваат себеси со личноста од која се инспирирани. Ова е најголемата грешка што можете да ја направите без оглед на тоа кој сте или за ситуацијата во која сте. Уште еден цитат на Карл Лагерфелд, кој е можеби порелевантен вели:

“ Персоналитетот започнува онаму каде завршува споредбата”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Iusco (@diana.iusco)

Ова е уште еден одличен начин на учење како да се изгради самодоверба со стил, имајќи ги другите за инспирација. На крајот на денот вечно сме инспирирани од сè околу нас цело време, ништо не е градено од ништо и ова исто така се однесува и на самодовербата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот