Како да ја изберете најдобрата боја на коса според обликот на вашето лице?

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Заборавете на шминката, фризурата и бојата на косата се најпаметните начини за „подобрување“ на обликот на лицето. Обично ја избираме бојата на косата врз основа на бојата на кожата и бојата на очите, но дали знаевте дека можете да ја земете предвид и формата на вашето лице при изборот на нова нијанса?

Експертите тврдат дека обликот на лицето и како да го направиме идеален со избирање на боја на коса, па затоа ви предлагаме пред да одите на фризер да ги погледнете следните предлози:

Овално лице

На жените со овално лице им се советува да избегнуваат прамени кои визуелно ќе го издолжат лицето уште повеќе. Темните бои исто така можат да изгледаат премногу агресивно со овој тип на лице, додека кафените, тегет, црвената и сината боја се идеален избор.

Лице во облик на срце

Русата коса изгледа одлично на дамите со лице во облик на срце. Светло-кафеава, портокалова и светло црвена се исто така добар избор, а ако сакате хајлајт, изберете посветли нијанси за долниот дел од косата. Омбре исто така ќе ви прилега одлично.

Квадратно лице

Квадратното лице често може да изгледа широко, па фризерите предлагаат потемни бои како темно кафеава, темно црвена и црна. Ако имате прамени, бојата треба да биде потемна долж челото и лицето.

Тркалезно лице

Шишките изгледаат добро на тркалезното лице, а идеално би било кога шишките и горниот дел од лицето би биле посветли, а останатите делови за неколку нијанси потемни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот