Како да измамите насмевка кај бебињата?

Стручњаците велат дека бебињата почнуваат да се смеат од 3 месеци, а веќе на 6 месеци можете да чуете гласно смеење.

Родителите на новороденчињата едвај чекаат нивното бебе да им ја упати првата насмевка па се трудат да ги забавуваат и анимираат за да ја добијат посакуваната реакција. Доколку и вие спаѓате во оваа група на родители, ќе ве интересираат следните податоци.

Стручњаците велат дека бебињата почнуваат да се смеат од 3 месеци, а веќе на 6 месеци можете да чуете гласно смеење. Но, битни работи кои доаѓаат пред првата насмевка се и контактот со очи, како и малиот звук кој бебето го прави.

Педијатрите советуваат да се потрудите да остварувате што е можно повеќе директен контакт со вашето бебе. Избегнувајте цртани и слични работи и обидете се да ги забавувате со мимика и игри. Внесете се во играта на експресии, анимирање и имитација. Не избегнувајте да сте гласни, да се смеете и глумите. Сосема е нормално да зборувате како бебе со своето бебе.

Доколку до 4-от или 5-от месец не видите дека бебето се смее, со вашето малечко одете на педијатар на преглед. Освен физички, постојат некои основни работи кои бебето мора да ги совлада и прави за да се развива и на психичко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот