Како да го запрете Новак? Молете се!

Најдобриот светски тенисер според АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ со две максимални победи го започна најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Ѓоковиќ во првото коло со 3:0 го совлада Филип Колшрајбер, а во второто беше поуспешен од Денис Кудла, а денеска во третото коло се среќава со Полјакот Хуберт Хуркач.

– Што треба тенисерите да направат за да го победат Новак Ѓоковиќ?. Јас би рекол дека тој е некоја врста на човечки ѕид кој враќа се. Невберојатно е колку е флексибилен. Малкумина можат да го предизвикаат. Мора да играте со многу енергија и да се надевате на најдоброто – изјави Мекинро.

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампион на Вимблдон, а престижниот турнир досега во кариерата го освојувал четири пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот