Како да го спасите домот од инсекти? – Слободен печат
ЖенаМагазинСемејство

Како да го спасите домот од инсекти?

Неколку капки етерично масло од нане со додаток на средство за миење садови и вода е одлично оружје за да го спасите домот од инсектите

Во текот на летото честопати во домот ни влегуваат различни инсекти. Ако не сакате овие здодевни натрапници да ви се шетаат низ куќата, можете да ги избркате со примена на некои овие природни раствори.

Оцет и кокосово масло – измешајте ги овие две состојки и испрскајте со оваа мешавина околу прозорците и вратите и на другите места каде што мислите дека инсектите можат да прават легла.

Нане – неколку капки етерично масло од нане со додаток на средство за миење садови и вода е одлично оружје за да го спасите домот од инсектите.

Лимон и портокал – Инсектите не го сакаат лимонот, па затоа лимонот и портокалот се добри за спас од нив, а и за свеж и пријатен мирис во домот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close