Како да го проверите квалитетот на прашокот за перење кој го користите?

profimedia

Изборот на прашоци и течни детергенти за перење на алиштата е огромен. Цената не е секогаш вистинското мерило за квалитетот, а не е лесно ниту самите да го одредите.

Дел од прашоците ги отстрануваат дамките, но оставаат траги на потемната облека. Другите, пак, се помалку моќни и се наменети за перење на шарената облека, но повеќе ја освежуваат облеката, а не секогаш ја отстрануваат нечистотијата.

Секогаш сме во потрага по производот кој ќе ги задоволи сите наши потреби. Токму поради тоа купуваме различни, ги тестираме, менуваме, но повторно не сме задоволни.

Сепак, постои еден многу едноставен трик за утврдување на квалитетот на прашокот за перење, а истиот може да се примени и за проверка на течните детергенти за облека.

За да го проверите квалитетот на прашокот за перење, потребно е да го направите следното:

Во чаша вода, растворете една кафена лажица од прашокот за перење. Потоа, во растворот додадете парче белка од тврдо варено јајце, оставете го така и почекајте да помине еден ден.

1. Доколку по 24 часа белката е непроменета, тоа значи дека прашокот е со слаб квалитет.

2. Доколку белката е омекната или веќе почнала да се раствора, овој прашок е добар за перење на темна облека или помалку валкана облека.

3. Доколку белката од јајцето целосно се растворила, таквиот прашок е идеален за перење бела облека и многу валкана облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот