Како да го отстраните гелот од ноктите во домашни услови без да ги упропастите?

Unsplash/Allison Christine

Има некои работи кои знаеме дека не смееме да ги правиме: да стискаме мозолчиња, да кубеме седи влакна или најлошото од се – да го лупиме гелот од ноктите. Досега ни велеа дека последното е навистина голем „криминал“ бидејќи, притоа можеме сериозно да ги оштетиме ноктите. Но, драстични времиња бараат драстични мерки. Доколку сте заглавени со гел маникир во време кога сите салони се затворени, во овој подвиг можете да се впуштите и сами.

1. Отстранете го површинскиот слој

Употребете помека турпија и нежно отстранете го заштитниот површински слој. Доколку имате лак за сјај, продолжете се додека не стигнете до потемелна боја. Тоа е важно бидејќи ќе се овозможи ацетонот да помине до најдлабоките слоеви и да го забрза процесот на вадење на гелот. Кога ноктот ќе е мат, спремни сте за следниот чекор. Внимавајте да не претерате со турпијата и да стигнете до вашиот вистински нокт. Доколку сте невнимателни и го уништите горниот слој од вашиот нокт, тој ќе започне да се витка, ќе ослабе и тешко ќе се опорави.

2. Замотајте ги ноктите

Unsplash/Daiga Ellaby

За да го растопите гелот, натопете памук со 100% ацетонски отстранувач на лак, ставете го на ноктите и потоа замотајте со алуминиумска фолија, но навистина цврсто за да се засили делувањето на ацетонот. Можете преку сето тоа да ставите дури и ракавици. Со така завиткани нокти почекајте минимум 15 минути.

3. Отстранете ја преостанатата боја

Кога ќе ја отстраните фолијата и памукот, лакот би требало да биде скоро цел отстранет. Тоа што ќе остане околу кожичката, многу внимателно исчистете го со дрвено стапче за кутикули. Доколку не се тргнал целиот лак, повторете го претходниот чекор и држете го памукот натопен во ацетон уште 5 минути. Немојте да притиската или пак да стругате со турпијата по ноктите, бидејќи сега се веќе многу меки и може лесно да се оштетат.

4. Хидратација, хидратација, хидратација!

Откако ќе ги отстраните лакот и гелот, ноктите и кутикулите ќе бидат многу суви, па затоа измијте ги рацете и нанесете крема за хидратација и на кутикулите и на ноктите за да ја вратите влажноста. Остајте ги ноктите барем една недела да се одморат од делувањето на ацетонот и негувајте ги рацете со хранлива и хидратантска крема. Добар трик е маслото или обичниот лосион за раце да се загрее неколу секунди во микро (немојте премногу, може да се изгорите), ставете го во гумени ракавици, па потоа ставете ги ракавиците. Држете така 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот