Како да го ос­ве­жи­те ва­ши­от дом: Кажете ѝ збогум на монотонијата (ФОТО)

Ако со­ну­ва­те за тоа да го про­ме­ни­те из­гле­дот на ва­ши­от дом, а при­тоа не­ма­те мож­ност да из­дво­и­те по­го­ле­ма су­ма па­ри за да ги ре­а­ли­зи­ра­те ва­ши­те идеи, не­мој­те да се от­ка­жу­вате. На­вис­ти­на е мож­но да вне­се­те но­ви­ни во ва­ши­от дом, а со тоа да му да­де­те и жи­вост, а при­тоа да не пот­ро­ши­те мно­гу сред­ства за тоа. След­ни­те со­вети ќе ви по­могнат во тоа.

На­ба­ве­те но­ви цве­ќиња

Еден од нај­лес­ни­те и на­јев­ти­ни­те на­чи­ни за да го ос­ве­жи­те прос­то­рот во ва­ши­от дом е ток­му на­о­ѓа­ње­то на со­од­вет­на ло­ка­ци­ја за по­ста­ву­ва­ње на ва­ши­те но­ви цве­ќиња. Ду­ри и со са­мо ед­на бил­ка по­са­де­на во сак­сија, на го­ле­ма вра­та ќе ја вне­се­те при­ро­да­та дома. При­тоа, имај­те на ум дека нај­по­пу­лар­ни­те до­маш­ни билки нај­доб­ро нап­ре­ду­ва­ат на мес­та ка­де што има­ат до­вол­но ко­ли­чес­тво на свет­ли­на, но и на топ­лина. За­тоа, по­зи­ци­о­ни­рај­те ги пок­рај про­зор­ци­те и ви ос­та­ну­ва са­мо да ужи­ва­те во нив и во нив­ни­те рас­кош­ни бои.

Нап­ра­ве­те ор­га­ни­за­ци­ја на ѕид­ни­те сли­ки

На­мес­то да тро­ши­те ил­јад­ни­ци де­на­ри за да ку­пу­ва­те умет­нич­ки де­ла што ќе ги кра­сат ѕи­до­ви­те во ва­ши­те до­мови, за ис­та­та на­мена мо­же да ги ис­ко­рис­ти­те сли­ки­те и фо­тог­ра­фи­и­те од вас и од ва­ши­те нај­блис­ки, кои ве­ќе ги има­те нап­ра­ве­но и вра­мено.

Доз­во­ле­те ѝ на свет­ли­на­та да ви блес­не дома

Свет­ли­на­та во до­мот, го попра­ва рас­по­ло­же­ни­е­то на си­те чле­но­ви од се­меј­ство­то, но и по­зи­тив­но вли­јае на здрав­је­то на чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам. За­тоа, тр­гне­те ги теш­ки­те за­ве­си од про­зо­ри­те кои не ѝ да­ва­ат на свет­ли­ната, це­лос­но да вле­зе во ва­ши­от дом. Но до­кол­ку и по­на­та­му са­ка­те ва­ши­те про­зо­рци да би­дат пок­ри­е­ни со за­веси, то­гаш, ва­ши­от из­бор не­ка пад­не бидат тен­ки и про­ѕир­ни без мно­гу ша­ре­ни­ла и бои на нив. До­пол­ни­тел­но по­зи­тив­на енер­ги­ја во ва­ши­от дом ќе вне­се­те до­колку ѕи­до­ви­те на со­би­те ги обо­и­те во свет­ли ни­јанси, а прос­то­ри­ја­та би ја рас­то­ва­ри­ле од го­лем број ук­раси, кои прет­ход­но сте ги по­ста­ву­ва­ле на си­те мож­ни мес­та ка­де што ви се пру­жи­ла при­ли­ка за тоа.

Обојте го ста­ри­от ме­бел

Еден од на­јев­ти­ни­те на­чи­ни за да го про­ме­ни­те из­гле­дот на ва­ши­от дом е да вне­се­те но­ви бои во прос­то­рот. За­тоа, сло­бод­но од­лу­че­те се за но­ва бо­ја на ва­ши­от стар ме­бел кој и по­на­та­му е упот­реб­лив и мо­же да го кра­си ва­ши­от дом.  При боењето од­лу­че­те се за жи­ви и ве­се­ли бои за на тој на­чин да вне­се­те све­жи­на во ва­ши­от дом. Ако по­сле од­ре­ден пе­риод по­чув­ству­ва­те де­ка од­бра­на­та бо­ја ви здо­деала, сло­бод­но префар­бај­те го од­но­во. Вак­ви­те но­ви­ни во ва­ши­от дом ќе би­дат до­пол­ни­тел­на сре­ќа за се­меј­ство­то и не­ма да ос­та­нат не­за­бе­ле­жа­ни од стра­на на ва­ши­те гости.

Ме­ну­вај­те го рас­по­ре­дот на ме­бе­лот

За це­лос­но да го про­ме­ни­те из­гле­дот на со­би­те во ва­ши­от дом, оби­де­те се со пре­мес­ту­ва­ње од ед­но на дру­го мес­то на ве­ќе по­стоеч­ки­от ме­бел. Со еден по­тег со­ба­та би до­би­ла ком­плет­но нов из­глед.

Ис­фрле­те од до­мот се она што не ви тре­ба а сте го ос­тави­ле за „да се најде“

Нај­ле­сен на­чин ку­ќа­та се­ко­гаш да ви би­де уред­на е да ги ис­фрли­те ку­пиш­та­та ра­бо­ти кои не ги ко­рис­ти­те ве­ќе по­дол­го време, но од не­ко­ја са­мо вас поз­на­та при­чина, жал ви е да ги фр­ли­те во ѓубре.

Нап­ра­ве­те ша­ре­ни по­лици

Уште ед­на ра­бо­та ко­ја вед­наш ќе го ос­ве­жи ва­ши­от дом е до­кол­ку има­те по­ли­ци за кни­ги и ук­ра­си во раз­лич­ни бои. Препо­рач­ли­во е по­ли­ци­те да би­дат обо­е­ни во бои кои се до­ми­нан­тни и кои вед­наш ќе се ис­так­нат.

Се­ко­гаш на ма­са­та имај­те кор­па пол­на со раз­но­бој­но овошје

Не са­мо што овош­је­то е здраво, ту­ку и од­лич­но из­гле­да и по­ра­ди ша­ре­ни­ло­то од бои од­лич­но из­гледа ка­ко де­ко­ра­ција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот