Како да го освежите вашиот дом: Кажете ѝ збогум на монотонијата (ФОТО)
Ако сонувате за тоа да го промените изгледот на вашиот дом, а притоа немате можност да издвоите поголема сума пари за да ги реализирате вашите идеи, немојте да се откажувате. Навистина е можно да внесете новини во вашиот дом, а со тоа да му дадете и живост, а притоа да не потрошите многу средства за тоа. Следните совети ќе ви помогнат во тоа.
Набавете нови цвеќиња
Еден од најлесните и најевтините начини за да го освежите просторот во вашиот дом е токму наоѓањето на соодветна локација за поставување на вашите нови цвеќиња. Дури и со само една билка посадена во саксија, на голема врата ќе ја внесете природата дома. Притоа, имајте на ум дека најпопуларните домашни билки најдобро напредуваат на места каде што имаат доволно количество на светлина, но и на топлина. Затоа, позиционирајте ги покрај прозорците и ви останува само да уживате во нив и во нивните раскошни бои.
Направете организација на ѕидните слики
Наместо да трошите илјадници денари за да купувате уметнички дела што ќе ги красат ѕидовите во вашите домови, за истата намена може да ги искористите сликите и фотографиите од вас и од вашите најблиски, кои веќе ги имате направено и врамено.
Дозволете ѝ на светлината да ви блесне дома
Светлината во домот, го поправа расположението на сите членови од семејството, но и позитивно влијае на здравјето на човечкиот организам. Затоа, тргнете ги тешките завеси од прозорите кои не ѝ даваат на светлината, целосно да влезе во вашиот дом. Но доколку и понатаму сакате вашите прозорци да бидат покриени со завеси, тогаш, вашиот избор нека падне бидат тенки и проѕирни без многу шаренила и бои на нив. Дополнително позитивна енергија во вашиот дом ќе внесете доколку ѕидовите на собите ги обоите во светли нијанси, а просторијата би ја растовариле од голем број украси, кои претходно сте ги поставувале на сите можни места каде што ви се пружила прилика за тоа.
Обојте го стариот мебел
Еден од најевтините начини за да го промените изгледот на вашиот дом е да внесете нови бои во просторот. Затоа, слободно одлучете се за нова боја на вашиот стар мебел кој и понатаму е употреблив и може да го краси вашиот дом. При боењето одлучете се за живи и весели бои за на тој начин да внесете свежина во вашиот дом. Ако после одреден период почувствувате дека одбраната боја ви здодеала, слободно префарбајте го одново. Ваквите новини во вашиот дом ќе бидат дополнителна среќа за семејството и нема да останат незабележани од страна на вашите гости.
Менувајте го распоредот на мебелот
За целосно да го промените изгледот на собите во вашиот дом, обидете се со преместување од едно на друго место на веќе постоечкиот мебел. Со еден потег собата би добила комплетно нов изглед.
Исфрлете од домот се она што не ви треба а сте го оставиле за „да се најде“
Најлесен начин куќата секогаш да ви биде уредна е да ги исфрлите купиштата работи кои не ги користите веќе подолго време, но од некоја само вас позната причина, жал ви е да ги фрлите во ѓубре.
Направете шарени полици
Уште една работа која веднаш ќе го освежи вашиот дом е доколку имате полици за книги и украси во различни бои. Препорачливо е полиците да бидат обоени во бои кои се доминантни и кои веднаш ќе се истакнат.
Секогаш на масата имајте корпа полна со разнобојно овошје
Не само што овошјето е здраво, туку и одлично изгледа и поради шаренилото од бои одлично изгледа како декорација.