Како да го научите вашето дете да не плаче без причина

Децата кои постојано плачат, можат да бидат голем проблем за родителите. Меѓутоа, можеби вашето дете не знае доволно зборови да каже за да опише како се чувствува или што сака, затоа не плаче намерно. Ова е сигурна метода која ќе ви го привлече вниманието и децата тоа го знаат. Тоа е научена техника и треба да се поработи на одвикнување.

„Bright Side“ пронајде неколку начини како родителите можат да се справат во ваква ситуација.

Не дозволувајте да бидете исфрустрирани

Кога детето ќе започне да плаче, не покажувајте дека тоа ви смета. Во спротивно, децата ќе видат дека нивното однесување ве натерало да обратите внимание кон нив и тоа ќе го прават секој пат. Наместо тоа објаснете му дека не можете да го разберете и дека мора да се смири и да се обиде да ви каже – нека знаат дека ќе ги инорирате доколку не го направат тоа.

Обидете се вашето дете да го научите да праша убаво

Децата треба да разберат дека плачењето не е правилен начин за да ги покажат своите емоции и искажат своите потреби. Децата сакаат да се пожалат или да го изразат своето мислење, а плачењето изгледа како добар начин и не сфаќаат дека тоа е неприметно и иритантно. Затоа важно е да се објасни разликата помеѓу начинот на кој вашето дете тоа вообичаено го прави и начинот на кој треба да го прави.

Пофалете го детето кога ќе се обрати со нормален глас

Децата не сакаат навреди. Поголем ефект има врз нив кога ќе им се заблагодарите или ќе ги пофалите. Кога се добри, пофалбата може да помогне во развивање на доброто однесување. Ќе приметите дека начинот на кои барале работи ќе се смени и подобри доколку почесто добиваат пофалби. Можете да смислите и некаков систем на наградување кој ќе им помогне да ја изградат оваа навика.

Научете го детето како да користи зборови

Децата понекогаш се одлучуваат за плачење бидејќе е полесно да се биде емотивен отколку да се користат зборови. Можеби немаат доволно зборови да опишат како се чувствуваат. Децата најчесто плачат бидејќи се гладни, уморни или вознемирени поради нешто. Разговарајте со нив за тие теми. Научете ги како да се изразуваат и да го искажат тоа што го чувствуваат преку зборови.

Видео на денот