Како да го имитирате стилот на Џеки Кенеди

џеки кенеди
Фото Профимедиа

За да го „симнете“ стилот на Џеки Кенеди, пред сè запоменете дека мора да се држите до едноставноста.

Следете ги нашите пет совети за да го ископирате нејзиниот стил.

Бисерите се најважен накит

Важно е да е бисер, не мора да биде украсен со дијаманти или брилијанти, каков што често носеше Џеки О. со вртоглава цена. Охридскиот бисер е подеднакво совршен.

Имитација на леопард

Купете си палто со имитација на леопардово крзно или со леопардов принт. Или фустан, кошула, блуза, било што…само да е со леопард принт. Ако купите фустан со леопард принт внимавајте – кројот треба да е струкиран, ракавите да се покуси, и пожелно е да има дворедно закопчување.

Големи очила за сонце

Црни. Елегантни, округли, кои покриваат добар дел од лицето. Не треба да се начичкани со додатоци.

Марама

Не носете ја марамата околу вратот, зашто на него треба да се гледаат бисерите. Префрлете ја врз косата.

Чевли со мала потпетица

Едноставни, без дополнителни додатоци, класични, елегантни салонки. Заборавете на екстремно високите потпетици. Потпетица од два- три сантиметри е сосема доволна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот