Како да го дознаете полот на бебето без ултразвук?

pixabay

Секоја мајка сонува за средбата со своето бебе штом дознае дека е бремена. Во нејзината глава постојат десетици фантазии и прашања: „Како ќе изгледа малечкото?“, „Како ќе помине породувањето, што ќе биде кога ќе порасне?“. Едно од најважните прашања за идната мајка, можеби е: „Кој е полот на детето“? Постојат ли докажани начини да се дознае полот без ултразвук?

ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОЛОТ НА ДЕТЕТО: народни преданија и медицински показатели

Зошто толкаво страдање и прашалници во врска со тоа дали постои вид на дијагноза што ви овозможува да го одредите полот на бебето во матката со голема точност? Но, некои жени одбиваат да направат ултразвук, верувајќи дека тоа може да му наштети на бебето, или дека прегледот нема да даде одговор за полот, доколку бебето е наместено погрешно за време на ултразвукот. Дури и во античко време, познавачите биле повикувани за да се утврди полот на фетусот од моментот кога мајчиниот стомак станувал видлив. Се разбира, во тоа време прашањето како да се открие полот на детето без ултразвук било повеќе од важно, бидејќи не постоеле сериозни медицински методи.

Можеби најпопуларниот начин да се одреди каков пол ќе биде идното бебе – е во обликот на стомакот. Ако остане напред, треба да очекувате син. Ако, напротив, стомакот расте на страните, најверојатно ќе се роди ќерка. Сепак, ваквото предвидување за полот на детето не е потврдено од медицинска гледна точка.

Многу трудници сами одредиле некои знаци за препознавање на полот. Доколку им расте повеќе коса или влакна на стомакот – најверојатно ќе се роди момче, ако имаат пигментација на кожата – може да се чека девојче. Патем, овој знак е потврден од официјалната медицина.

КАКО ДА ГО ДОЗНАЕТЕ ПОЛОТ НА БЕБЕТО БЕЗ УЛТРАЗВУК: останати физиолошки знаци

Во текот на бременоста, кај мајките кои носат девојче, брадавиците најчесто потемнуваат, додека промени на дојките, кај оние кои чекаат машко, речиси и да нема.

Промената во големината на градите е уште еден физиолошки знак. Доколку тие почнат да растат уште на самиот почеток од бременоста, ќе се роди момче. Идните мајки на девојчиња, најчесто имаат промени во цртите на лицето, состојбата на кожата и слично. Како што се вели меѓу народот: „Девојчињата ви ја земаат сета убавина“. Немојте да кревате паника, после породувањето, сè ќе биде како порано, но најверојатно ќе родите ќерка. Мајките на машки деца пак, „цветаат“ во бременоста или не забележуваат никаква промена во физичкиот изглед.

ПОГОДУВАЊЕ НА ПОЛОТ СПОРЕД ВКУСОВИТЕ И РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Уште еден заеднички знак за идните мајки на женски деца е потребата за благо, додека мајките на момчиња воопшто не сакаат солена храна, туку месо и риба, или пак, кисело – млечни производи.

Емоционалната состојба, исто така може да биде предзнак за полот на бебето. Имено, секоја трудница страда од промени во расположението, но доколку таквите промени се премногу чести, поголема е веројатноста дека ќе се роди девојче. Спротивното, доколку трудницата е секогаш смирена и се однесува соодветно на својата состојба, очекувајте дека ќе роди син.

Што и да носите, нека е живо и здраво!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот