Како да ги сварите јајцата за Велигден без да испукаат?

Многу домаќини често имаат главоболки поради тоа што често јајцата пукаат за време на варењето, а испуканите јајца може да пропуштат боја и да ја обојат белката.

Ова се најпрактичните совети кои можете да ги примените за овие велигденски празници:

Варете на тивко

Ставете ги јајцата во ладна вода и вклучете го шпоретот на тивко. Не брзајте, дури и ако тоа значи дека ќе ги варите околу еден час.

Додадете сол

Солта помага лушпата да не испука, па затоа ставете неколку полни лажици сол во водата во која се варат јајцата.

Додадете оцет

Оцетот ја омекнува лушпата на јајцето и ја прави поеластична, па тоа ќе помогне да не испука во текот на варењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот