Како да ги отстраните темните дамки на лицето?

дамки лице лето
Фото: Profimedia

„Мустаќите“ од сонце може да бидат многу изразени, особено ако имате светла кожа. Темните дамки се вообичаени во текот на летото поради силните сончеви зраци.

Хиперпигментација или „темните дамки“ можат да бидат предизвикани од лузни по акни, прекумерно изложување на сонце или хормонални промени.

Постојат разни креми, гелови и серуми кои пациентите можат да ги користат за да ги олеснат, осветлат и намалат дамките на лицето. Појавата на темните дамки (хиперпигментација на лице) најчесто е последица на т.н. мелазма, која се јавува на челото, образите, брадата и над горната усна. Покрај тоа на лицето и другите делови од телото може да се јават т.н. постинфламаторни хиперпигментации, кои се резултат на пигмент создаден како последица на некое кожно заболување, на пример aкни, егземи и сл.

Некои видови парфеми, како и видови овошје и зеленчук во комбинација со изложување на сонце може да доведат до појава на фототоксична реакција, која се манифестира со појава на темни дамки на кожата на лицето или на телото. Исто така и несоодветната заштита со заштитни фактори може да доведе до појава на дамки на кожата на лицето и телото. Мелазмата може да се појави во текот на бременоста или хормоналниот дисбаланс.

дамки лице девојка
Фото: Profimedia

Мелазма и лентига, кафеавкаста пребоеност на кожата настанати како последица на дејството на УВ зраците, понекогаш може да се отстрани во потполност, а често само делумно, што зависи од длабочината на пигментот во кожата. Така и ефектот на препаратите за нивно отстранување е различен.

Сите методи се поефикасни во текот на помала инсолација, односно оние со помалку сончеви часови. Ефектот кој се постигнува се одржува со примена на фотопротективни препарати, бидејќи еднаш формираните пигментации имаат тенденција на враќање при повторено сончање. Пегите кои настануваат како последица од изгореници од сонце – соларно лентиго, се трајно оштетување на кожата и се малку потемни, имаат неправилни рабови и можат да бидат со поголем радиус од молив.

Кафеавите дамки на кожата, односно на лицето не изгледаат естетски баш најдобро и повеќе од сигурно е дека сакате да се ослободите од нив. Од дамките на лицето и тоа оние од сонце се обидувате да се ослободите со користење креми за сончање со висок заштитен фактор. Но, на тој начин не можете да ги елиминирате. Сепак, без оглед на тоа не заборавајте дека заштитата на лицето од сонце е многу битна.

Дамки од сонце

Дамките на лицето предизвикани од изложеност на УВ зрачење од сонцето, најчесто ги имаат постари лица, но и многу помлади мажи и жени исто така мака мачат со дамките од сонце.

Unsplash
Фото: Unsplash

Кафеави дамки на лицето

Мелазма – овој вид темни дамки е предизвикан од хормонални флуктуации. Жените можат да забележат потемни дамки кои со текот на времето се појавуваат на образите поради хормонални промени, како на пример, за време на бременоста или менопаузата. Нуспојава се и контрацептивните таблети и хормонските терапии. Мелазмата може да се појави и како последица на дисфункција на тироидната жлезда.

Дамки на надусните

Дамките на надусните се естетски проблем што понекогаш се јавува кај жените. Може да се појави поради зголемено производство на меланинот, изложеноста на силно сонце, но и како алергиска реакција. „Мустаќите“ од сонце може да бидат многу изразени, особено ако имате светла кожа. Темните дамки се
вообичаени во текот на летото поради силните сончеви зраци. Можно е хиперпигментацијата да се појавила и поради употребата на таблети за контрацепција или во текот на бременоста, но и како поствоспалителна хиперпигментација – предизвикана по кубењето на влакната на надусните.

Како да ги отстраните дамките од лицето

Постојат доста третмани за отстранување на дамките на лицето: со пилинг на лицето, со електричен пилинг, со киселини што се користат во козметички цели, хемиски пилинг, микродермоабразија, ласер, кремови… Во сите овие случаи, се советува претходно да се консултирате со дерматолог.

Како да ги отстраните дамките по природен пат и некои природни начини можат да бидат корисни:

дамки лимон лице
Фото: Profimedia

Лимон за дамки на лицето

Цитрусите содржат обилни количини на витамин Ц, познати како аскорбинска киселина, заедно со лимонската киселина. Овие киселини помагаат да се отстрани горниот слој на кожата без никаква штета. Еве неколку начини како да го користите лимонот за лицето.

– Исцедете го сокот од лимон во чаша. Користете памучен туфер, натопете го туферот во сокот и ставете го на дамките. Оставете да делува околу 20 минути, а потоа исплакнете. Повторете еднаш или двапати на ден.

– Направете маска со лимон и мед. Комбинирајте сок од половина лимон со 2 лажички мед. Добро промешајте и нанесете на лицето. Оставете го на лицето 30 минути, а потоа добро исплакнете го.

– Користете цитрус и млеко во прав. Комбинирајте 1 лажичка вода, млеко во прав и сок од лимон. Измешајте сè за да добиете изедначена смеса и масирајте ја кожата. Добро исплакнете.

Обидете се со витамин Е

Моќен антиоксидант, витаминот Е помага во обновување на оштетените клетки и зајакнување на новите. Витаминот Е можете да го користите само како локален третман или да го зголемите неговото ниво со јадење храна богата со витамин Е.

– Локална апликација: Масирање со чисто масло од витамин Е директно на дамките. Со секојдневна примена, дамките ќе исчезнат.

– Исхрана: Додадете ја оваа храна за да добиете уште поголема јачина на витамин Е: бадеми, кикирики, ореви, семки од сончоглед, пченично масло и суви кајсии.

Фото: Профимедиа

Алое вера за дамки на лицето

Тоа е одлично хидратантно средство и е ефикасно за лекување на изгорениците од сонце, а може да помогне и во избледување на дамките. Ако имате домашно растение од алое, одделете мало парче, исцедете го во раката и нанесете го директно на лицето каде што се наоѓаат дамките.

Куркума за дамки на лицето

Најдобро е да ја нанесувате во форма на маска 1 до 2 пати неделно, со цел да се избледат дамките од лицето. Покрај тоа, куркумата има противвоспалително дејство.

Кокосово масло

Кокосовото масло можете да го користите како маска, а најдобро е да се комбинира со куркума. Нанесувајте маски двапати неделно, а вашето лице ќе биде како на бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот