Како да ги комбинирате маслата за да имате сјајна коса

Рицинусовото масло е одлично кога ви е потребно нешто за побрзо раснење на косата. Сепак, тоа е прилично масно и лепливо и тешко е да се нанесе на косата, затоа го мешаме со други масла. Кокосовото и бадемовото се добра варијанта.

Помешајте еден дел рицинусово масло и два дела кокосово или бадемово масло. Добиената смеса нанесете ја на косата навечер пред да си легнете. Рицинусовото масло посебно добро делува кога е топло, па затоа врз косата ставете капа за туширање и замотајте ја косата со пешкир. Изутрина измијте ја косата со шампон и оставете ја природно да се исуши.

Кокосово масло содржи масни киселини кои имаат антибактериски и и антигабични својства и затоа е посебно добро за здрава кожа на главата. Косата лесно го упива без да остане масен слој на влакното и затоа е добар избор за да го вратите сјајот на косата. Третманот правете го трипати неделно на следниов начин: Измијте ја косата со шампон. После тоа растопете го кокосовото масло и добро нанесете го на косата, особено на сувите и на испуканите краеви. Оставете да делува пет минути и добро исплакнете ја косата.

Маслиновото масло е проверен начин за враќање на сјајот на косата. Потребно е само малку да го загреете пред третманот, бидејќи тогаш липидите подобро се раствораат и косата подобро ги упива. Нанесете го рамномерно на косата, ставете капа за туширање, завиткајте ја косата во пешкир и оставете да стои барем еден час. Потоа измијте ја косата со шампон. Користете го овој третман неколкупати по ред и ќе видите дека косата многу брзо ќе ги поврати виталноста и сјајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот