Студија открива дека брокулата ги губи својствата за борба против ракот кога се вари или се приготвува во микробранова

Unsplash
Фото: Unsplash

Повеќето луѓе веројатно би признале дека јадат брокула повеќе поради нејзините здравствени својства отколку поради нејзиниот вкус.

Брокулата е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи многу антиоксиданти, штити од рак, има многу витамин Ц, го зајакнува имунитетот, добра е за крвниот притисок… Но, тоа не значи дека можете да ја подготвите на кој било начин.

Со погрешен метод на подготовка, можеме лесно да ги уништиме сите корисни својства на брокулата, откриле научниците во истражувањето на Универзитетот во Илиноис.

Но, истражувањето од 2013 година покажа дека луѓето кои не го готват на вистински начин не ги добиваат вистинските придобивки од брокулата.

Научниците открија дека брокулата ги губи својствата за борба против ракот кога се вари или приготвува во микробранова.

Готвењето во врела вода или на висока температура во микробранова печка ги уништува сите добри својства, па затоа научниците открија дека најдобриот начин да се готви зеленчукот е да се вари на пареа три до четири минути.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, зеленчукот е приготвен кога ќе почне малку да ја менува бојата, но не смеете да дозволите да омекне целосно за да се задржат витамините и минералите.

Тие велат дека готвењето на пареа додека не добие светло зелена боја, може да ги подобри нејзините соединенија за борба против ракот.

Брокулата е одличен извор на сулфорафан, природно растително соединение кое се покажало дека штити од рак.

Една студија објавена во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, исто така, покажа дека би било добро да се јаде сирова брокула затоа што оние што ја јаделе на тој начин подобро го апсорбирале сулфорафанот во нивните тела, што природно го содржи брокулата, многу подобро од оние што ја јаделе варена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот