Како бугарската ТВПЛУС ја коментира изјавата на Заев која ја разбранува македонската јавност

Фото: МИА

Дел од медиумите во Северна Македонија водат беспоштедна борба против премиерот Зоран Заев, со цел да биде урната неговата влада, како резултат од сеуште неразјаснетата афера “Рекет”, каде што се работи за рекетирањето на најбогатиот човек во државата, тајкунот Орце Камчев, информира бугарската меѓународна сателитска телевизија, ТВПЛУС.

Во својот извештај, дописникот на телевизијата од Скопје, Владимир Перев, нагласува дека „притиснат од обвиненијата, најчесто неосновани и со многубројни шпекулации, премиерот Заев даде досега невидена изјава, директно во медиумите.

– Нема да дозволам една шепа криминалци, еден фрустриран новинар и еден, да ми прости ЛГБТ заедницата, педер, да ја урнат владата – ја пренесува ТВПЛУС вчерашната изјава на Заев.

„Дадена мирно и без нервоза, изјавата предизвика бранови напади против премиерот, кој инаку е познат по својата поддршка кон лицата со посебни потреби и кон ЛГБТ заедницата. Тој беше првиот и досега единствениот премиер кој ја иницираше и ја поддржа Парадата на гордоста во Македонија.

Нешто подоцна, премиерот објасни дека зборот педер го употребил за да посочи карактерна особина на еден од актерите на драмолетката “Рекет”, а не како збор кој определува сексуална ориентација. Дополни дека очекува обвинителството и другите служби засилено да работат на привршување на судските процеси и за казнивост на сечија вина, вклучително и неговата.

Во длабоката сенка на аферата “Рекет” и изјавата на Заев, се назира влијанието на странските служби, решени на секаков начин да го попречат патот на Македонија кон НАТО и Европската Унија. Наспроти сите проблеми и закани, Заев останува цврсто на евроатланската ориентација на земјата“, јавува бугарската ТВПЛУС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот