Како Брнабиќ од преседан на Балканот стана партиски војник кој себеси се споредува со Шешељ?

На телевизиските емисии се повеќе и повеќе звучи како партиски војник без сопствено мислење, а неодамна самата себеси се спореди со Воислав Шешељ.

Од технократ до партократ. Како се промени српската премиерка Ана Брнабиќ во две и пол години од премиерскиот мандат?

Брнабиќ беше преседан и за српската, но и за балканската политичка сцена, особено имајќи предвид дека на функција дојде од конзервативна партија. Стана прва премиерка во историјата на Србија, непартиска, но и декларирана геј личност.

Таа се школувала во странство, а има технократски ставови. Во почетокот на нејзиниот мандат делуваше дека партиската политика не ја интересира и оти е заинтересирана на резултати, инвестиции, намалување на невработеноста, воведување Четврта индустриска револуција, пишуваат српските медиуми.

Но, по две и пол години на премиерската фотелја таа е потполно различна личност. Во нејзините говори има се помалку технократија, а се повеќе партократија.

На телевизиските емисии се повеќе и повеќе звучи како партиски војник без сопствено мислење, а неодамна самата себеси се спореди со Воислав Шешељ.

Пред да влезе во политиката, работела во невладин сектор, како експерт и менаџер за маркетинг.

Но, како што пишуваат српските медиуми, поради тоа што не се снаоѓа најубаво во политичките води, се повеќе ја презема улогата на партиски војник. Секоја прилика ја користи за да ја критикува опозицијата, која, според неа, е виновна и за состојбата со медиумите, но и за ситуацијата на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот