Како Брегзит ќе влијае на Премиер лигата

epa08848535 Sadio Mane of Liverpool FC (R) and Lewis Dunk of Brighton (L) in action during the English Premier League soccer match between Brighton Hove Albion and Liverpool FC in Brighton, Britain, 28 November 2020. EPA-EFE/Mike Hewitt / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Велика Британија се договори со Европската Унија за нејзиното излегување од европското семејство, а тоа ќе се одрази и врз спортот.

Брегзит по три одложувања, конечно на 31. декември 2020 година ќе стапи на сила и со него Велика Британија повеќе нема да биде дел од Европската Унија.

Пред четири години 51.2 проценти од гласачите во Велика Британија се изјаснија за кралството да ја напушти Европската унија и дури сега многумина ги увидуваат потенцијалните економски и политички последици, но исто така и спортот на Островот нема да биде ист повеќе.

Британските медиуми сè уште не се сигурни како Брегзитот ќе се одрази на англискиот фудбал, односно трансферите и веќе разработија неколку сценарија.
За најдобрите англиски екипи да останат конкурентни во Премиер лигата но и во европските натпреварувања потребно им е слободно движење на луѓето. Поради тоа постои најголем страв на екипите бидејќи од 1. јануари 2021 година, фудбалерите од Шпанија, Германија или Франција ќе се сметаат како странски играчи и нема да има никакви олеснувања за нив како што беше досега.
Тоа значи дека ќе мора да задоволат одредени критериуми или да добијат специјална работна дозвола која ќе им продолжи да работат во Велика Британија.

Би-Би-Си во 2016 година направи анализа со која беше утврдено дека дури 332 фудбалери во Премиер лигата, Чемпионшип и во шкотската Премиер лига, не го задоволуваат овие услови.

Исто така Брегзитот ќе влијае и на младите играчи кои не се од Англија, бидејќи на екипите од 1. јануари ќе им биде многу потешко да регистрираат фудбалери помлади од 18 години кои се странци.

Според правилата на ФИФА, фудбалерите помеѓу 16 и 18 години можат да ги менуваат клубовите само доколку тие се наоѓаат во Европската Унија и со Брегзитот, англиските екипи ќе се најдат во подредена позиција кога станува збор за ангажирањето на младите таленти.

Доколку постоеја вакви правила во минатото, тогаш на пример Цеск Фабрегас не би можел од Барселона да премине во Арсенал како тинејџер и потоа да стане еден од најдобрите играчи на „топчиите“ во последните 30-тина години.

Дополнителен проблем на екипите им прави и Фудбалската федерација на Англија која сака да го намали бројот на фудбалери надвор од Европската Унија на 12, што е за пет играчи помалку од сега, пренесува „Тајмс“ уште во 2018 година.

Со Брегзит, странци ќе станат и тренерите како Јирген Клоп кој е Германец, Пеп Гвардиола (Шпанец), Жозе Мурињо (Португалец), Оле Гунар Солскјер (Норвежанец), а се очекува да се намалат и приходите на екипите поради ограничувањето на движењето на жителите од ЕУ.

Исто така Брегзит ќе им направи огромен проблем на екипите при регистрирањето на странски фудбалери. Од 1. јануари ќе стапи на сила законот со кој репрезентативец од земја која се наоѓа помеѓу 1. и 10. место на ФИФА ранг листата ќе мора да има одиграно 30 проценти од натпреварите за својата репрезентација во последните две години за да може да добие работна дозвола.

За играчите на репрезентации од 11. до 40. место потребни се да одиграат 45 проценти од натпреварите на своите селекции, ододека тие играчи до 50. место мора да одиграат дури 75. проценти од натреварите на своите селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот