Како Бред Пит се спаси од Скиентолошката црква

Пред да стане една од најпознатите ѕвезди во филмската индустрија, Бред Пит во 90-тите три години бил „заглавен“ со скиентологија, а со таа контроверзна вера го запознала неговата тогашна девојка, актерката Џулиет Луис.

Во тоа време проговори поранешниот црковен надзорник на Пит, Мајкл Мелен, кој поминал 40 години во црквата за конечно да ја напушти во 2014 година.

Тој подоцна ја напиша и книгата „Brainwashed“ во која раскажува за времето поминато таму.

„Бев учен да станам надзорник на курсот, затоа бев испратен на тренинг во „Celebrity Center Portland“ и додека бев таму ја запознав ќерката на директорот на Скиентолошката црква со седиште во Портланд. Една од работите што ми ги кажа беше дека Бред Пит, кој во тоа време беше во љубовна врска со Џулиет Луис, присуствувал на чинот на прочистување“, изјави Мелен, кој подоцна и самиот имал средба со Пит.

Instagram

Според скиентолошките записи, Пит завршил некои терапии во јули 1991 година и посебен курс за „проценка на човекот“ во мај 1993 година.

Сепак, самиот процес на иницирање вклучувал невообичаени сесии на кои надзорниците викале и ги навредувале потенцијалните членови.

Мелен тврди дека безмилосно му викал на Бред Пит, кој бил толку лут што заминал и повеќе не се вратил во црквата.

Црквата се обидела повторно да го регрутира откако ја напуштил во 1993 година, но тој ги одбил сите нивни обиди.

Profimedia

Веројатно заклучи дека му било доволно. Тие се обидуваа да го вратат назад, но тој никогаш не продолжи со скиентологијата“, рече Мелен.

Бред Пит во 1993 година, изјави дека засекогаш се „прости“ со скиентологијата, но и со актерката Луис, која сè уште е член на таа црква, исто како и нејзините славни колеги Џон Траволта и Том Круз.

Актерката која побегна од Скиентолошката црква повторно го критикува Том Круз: „Тој со години манипулира и глуми дека е добра личност“ (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот