Како Борис Џонсон ќе ја води Велика Британија од самоизолација?

Борис Џонсон соопшти дека е позитивен на коронавирусот и дека се наоѓа во самоизолација, инсистирајќи дека и во таква ситуација ќе продолжи да ја води земјата.

Во видео објавено на неговиот Твитер-профил, најави дека ќе ја врши работата од својата резиденција во Даунинг стрит 11, која се наоѓа веднаш до седиштето на премиерот на број 10 на истата улица.

Резиденцијата на Џонсон всушност е скомен стан кој лесно може да се изолира од неговата канцеларија, а владиниот портпарол изјави дека вратата која ги спојува двата објекти ќе остане затворена додека Џонсон е во самоизолација.

Сѐ што ќе му биде потребно на Џонсон – од службени документи, до храна и пијалок – ќе му биде доставено пред вратата, но ако е можно, и тоа ниво на контакт ќе биде на минимум, пренесува Си-Ен-Ен.

Состаноците ќе се одржуваат по пат на видео-конфереции, што не е невообичаено ако се зане дека некои од најважните редовни состаноци Џонсон веќе одреден период не ги одржува со директен контакт.

На пример, состаноците на владата во последно време се одржуваат по виртуелен пат, а портпаролот на Џонсон потврди дека традиционалните седмични аудиенции кај кралицата пред најмалку две недели се заменети со телефонски разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот