Како Бока Јуниорс ги доби боите на дресовите

EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Бока Јуниорс заедно со Ривер Плејт се двете најголеми и најпознати аргентински екипи, и едни од најпознатите во светот.
Бока во голема мера е препознатлива  и по дресовите, жолто-сината боја ги краси дресовите на славниот аргентински тим.

Но, интересна е приказната како воопшто Бока Јуниорс дојде до оваа комбинација по која е препознатлива денеска. Нивните почетоци се многу поинакви, а до сегашната комбинација на дресовите дојде сосема случајно и најголема „вина“ за тоа има брод.

Бока на почетокот настапуваше во бели дресови со тенки црни линии, но набрзо преминаа на небеско сина комбинација. За само една година, по трет пат ги сменија боите, бели дресови со сини линии.

Според историските книги на славниот аргентински клуб, во 1906 година, Бока играла против екипата на Нотингем де Алмагро, која има слични дресови. Влогот бил голем, победникот го задржува правото да настапува во таа комбинација на дресови, додека поразениот морал да смисли некое ново решение.

Бока го загубила тој меч и започнала со дизајнот на новиот дрес. Се одлучиле за необично решение, ќе ги земат боите на првиот брод кој ќе вплови во Буенос Аирес. Тоа бил шведскиот брод „Drottning Sophia“, и по заставата на скандинавската држава го направиле новите дресови по кои се познати и денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот