Како би изгледал составот на Барса со Лаутаро Мартинез? (ФОТО)

twitter/AfricaZilla

Првата ѕвезда на каталонскиот гигант, Лео Меси би можел да биде една од главните причини за ангажирање на досегашниот напаѓач на Интер…

Одличниот аргентински голгетер повторно се поврзува со трансфер во редовите на каталонскиот фудбалски гигант…

Лаутаро Мартинез е голема желба на Барселона, а како една од главните причини за негово евентуално доаѓање на „Камп Ноу“ би можела да биде првата ѕвезда во составот, неговиот сонародник Лионел Меси.

фото: tribuna.com

За досегашниот напаѓач на Интер има понуди уште од екипите на Манчестер сити и ПСЖ. Во дресот на „неро-аѕурите“, 22-годишниот играч има вкупно 49 натпревари и 17 голови.

Од 2018 година за најдобрата аргентинска репрезентација има 17 мечеви и девет погодоци. Англиските медиуми веќе шпекулираат како би изгледал стартниот состав на Барса доколку го доведат Мартинез.

Во формација 4-3-3, во нападот би бил заедно со Меси и Антоан Гризман, потоа во средниот ред Артур, Бускетс и Де Јонг, во одбраната Алба, Ленгле, Пике и Семедо, а Тер Штеген на голманската позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот