Како Bentley го замислува „гран туризмо“ автомобилот на иднината (ВИДЕО)

Иако можеби 2035. година ни се чини далечна, автомобилските компании веќе сега прават планови за моделите кои ќе се произведуваат за 15-тина години.

Bentley по повод 100 години од основањето на оваа компанија го претстави футуристичкиот концепт EXP 100 GT кој погон добива од четири електромотори со вкупна комбинирана моќ од дури 1.340 ks и максимален вртежен момент од 1.491 Nm.

Британскиот производител наведува дека EXP 100 GT е во состојба од место до „стотка“ стигнува за помалку од 3 секунди и достигнува брзина од 300 km/h. Bentley тврди дека, благодарејќи на очекуваните подобрувања на полето на погонските батерии, продукцискиот EXP 100 GT во иднина ќе може да се дополни до 80% од капацитето за 15-тина минути.

Според зборовите на луѓето од компанијата, овој автомобил ќе има одлжина од 5,8 метри, ширина од 2,4 метри и маса од 1.900 килограми, додека автономијата на возењето ќе изнесува околу 700 km.

Концептот EXP 100 GT е замислен така што ќе може да вози и без помош на возач, a конфигурацијата внатре во кабината ќе се менува во зависност од тоа дали ќе биде вклучен автономниот режим на возење или со автомобилот ќе управува возач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот