Како 12-те хороскопски знаци го поднесуваат социјалното дистанцирање и излолација?

Фото: Profimedia

На сите сега ни треба малку релаксација и одмор од сериозните вести. Зашто тогаш малку да не се опуштиме со забавен хороскоп кој ќе ни открие какви сме во кризни ситуации како оваа. 

Во продолжение проверете како хороскопските знаци се однесуваат во прилика на социјално дистанцирање и изолација.

Овен

Овенот не ни требал да оди на пазарување во последниве денови затоа што добра залиха секогаш има дома. Затоа социјалното дистанцирање не го фати неспремен. Гордо ќе ви раскажува за своите конзерви грав, батерии и кутија за прва помош. Овенот е секогаш подготвен за сите ситуации.

Бик

Дистанцирањето не му паѓа тешко, тој одамна докторирал на тема изолација. Најмногу од се сака да легне на троседот, да изгеда добра серија и да нарача пица, па без проблем ќе се прилагоди на новата ситуација. Ќе ви испрати најдобар попис на се она што треба да го изгледате во следните недели.

Близнаци

Експерти за филмови и серии, па слободно јавете им се ако ви треба препорака за добра книга. Тие ова време ќе го искористат за работа на себе, а тука е вклучено и читањето книги, а и малку тихување. Попатно, ќе ги средат полиците неколку пати додека не го најдат вистинскиот начин за организација на книгите и дисковите.

Рак

Со задоволство ќе се грижат за сите членови во семејството, ќе готват, ќе чистат…Тие се мирни се додека најблиските им се во близина и додека им се пред очи.

Лав

Иако сакаат големи друштва, дури и Лавовите станаа внимателни и пристојно на пријателите им објаснуваат дека нивните гласни и весели дружби треба малку да се одложат. Ќе ги прегледаат сите галерии со фотографии на својот мобилен телефон и редовно ќе се присетуваат на своите „луди“ излегувања.

Девица

Од Овенот во оваа ситуација е повеќе подготвена само Девицата. Таа е апсолутна кралица на практичноста и внимателноста. Ни таа не морала да оди да пазарува, зашто секогаш има доволно и брашно и квасец. Неа ништо не може да ја изненади. Сто пати на ден ќе ве предупреди да си ги измиете рацете и да не го допирате лицето.

Вага

Вагата ги чита сите вести во врска со коронавирусот и прва ги објавува на социјалните мрежи. Тука се наоѓаат и едукативни постови за пандемијата и хигиената. Ако ви е потребен некој податок, јавете се на Вагата зашто таа ги впива сите информации.

Скорпија

Само што донесе одлука бар малку да излезе од дома, после месец самоволна изолација предизвикана од голем број на добри серии, Скорпијата мора да се помири со тоа дека нејзиното излегување од зоната на конфорот малку ќе причека. Нема врска, ќе издржи, и така баш не ѝ се излагаше нешто посебно…

Стрелец

Стрелецот ги откажал сите свои планови за патувања зашто здравјето е сепак поважно од авантурите. Ќе го надокнади тој сето тоа кога ситуацијата ќе се смири. Сега му преостанува само со копнеж да ги гледа дестинациите каде што сака да отпатува, а и патува веќе, со мислите.

Јарец

Тој не паничи, ќе го искористи овој период најдобро што може. Веќе направил распоред за сите домашни, а планира да направи и мал домашен бон тон, зашто сите му пречат додека го пие своето прво утринско кафе. Ако мислевте дека можете да го добиете на мобилен телефон, сега кога е присилен да остане дома, се лажете. Зашто тој и мобилниот си го проверува по свој сопствен распоред.

Водолија

Никому не му треба толку осамување како на независната Водолија. Но, кога ќе ѝ кажете дека нешто не смее, таа дури тогаш добива желба за тоа. Ќе се откаже од потребата за дружење затоа што знае дека тоа сега е одговорно однесување, но очекувајте од неа пораки и телефонски јавувања и тоа многу често.

Риби

Чувствителните Риби и онака најмногу ги сакаат своите мали групи составени од најблиските, па и тие, без проблем, ќе се прилагодат на новата ситуација. Нив најтешко ќе им падне тоа што не можат да се гушнат со некого кога ќе сакаат, а никој толку не ја сака топлата прегратка како емотивните Риби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот