Кајли Џенер во средиште на скандал по обвиненијата што осамнаа на страницата на Форбс: Кралицата на карминот може да заврши во затвор!

Кајли Џенер би можела да се соочи со затвор, откако на официјалниот сајт на Форбс е објавен текст со тврдења дека влијателната убавица веќе не е милијардерка и дека исплетла „мрежа од лаги“, пишуваат светските медиуми.

Кајли Џенер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Таа исплела мрежа лаги за податоците на компанијата, ја надувала големината на бизнисот и успехот, а ни во исплатата на данокот не била чесна“, пишува во текстот што вчера го објави Форбс.

„Лажела за податоците на компанијата и фалсификувала даночни пријави“, наведе Форбс,  додавајќи дека го направила сето тоа за да „го достигне статусот на милијардерка“.

Дејли мејл ги пренесува изјавите на познатиот адвокат Јан Ханџлик, кој вели дека тврдењата на Форбс би можеле да ја стават „кралицата на карминот“ во сериозна законска неволја.

Прочитајте и...  Виц на денот: Професори

„Мојата претпоставка е дека Комисијата за размена на хартии од вредност ќе започне неформална истрага, а потоа можеби ќе се достигне ниво на формална истрага, која ќе доведе до покана за суд“, вели Ханџлик.

„Ако Министерството за правда одлучи ова да стане кривичен случај, ако дојде до осудувачка пресуда, тоа би можело да вклучи и затворска казна за сите лица кои се одговорни“, наведува бившиот сојузен тужител.

По текстот на Форбс Кајли се огласи на Твитер.

„Со што се будам… Мислев дека ова е угледен веб-сајт… Сè што гледам се бројни неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не сум барала некаква титула, ниту се обидов да лажам. Точка“, напиша Кајли.

Кајли потоа посвети уште неколку твитови на темата, истакнувајќи „можам да именувам 100 побитни работи во моментов отколку да се концентрирам на тоа колку пари имам“.

Прочитај повеќе

Топ книги од македонските писателки Бужаровска, Димковска и Пармаковска

Александар Маџаровски

Ели Гулдинг се враќа на сцената: Отворено за психичкото здравје и вознемиреноста

Слободен печат

2000 милиграми витамин Ц дневно за заболените од ковид-19

Слободен печат

Телохранителот на Џони Деп откри како глумецот го исекол прстот

Слободен печат

Четири показатели дека имате вишок отрови во организмот

Слободен печат

Дневен хороскоп за 15 јули: Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи денов

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Виц на денот: Професори

Слободен печат

Телото ги разоткрива: 12 чудни симптоми поврзани со високо ниво на стрес

Слободен печат

Антониа Гиговска порасна: Погледнете какви фотки сподели на Инстаграм! (ФОТО)

Слободен печат

Среќните парови ги имаат овие 10 навики: Ако се пронајдете во барем 3, вие сте на вистинскиот пат!

Слободен печат

Иако неговиот лик почина во првиот дел, Расел Кроу се надева дека ќе заигра во продолжението на „Гладијатор“

Слободен печат

Италијанскиот милионер и манекенка на магичен начин открија дека чекаат девојче! (ВИДЕО)

Васко Спасоски