Кајли Џенер со совети за справување со изолацијата: Мојата бременост ме подготви за ова

Profimedia

Можеби и ќе можеме да ја послушаме, бидејќи се сеќаваме колку добро ја криеше бременоста од целиот свет.

Најмладата милијардерка вешто ја криеше својата бременост и тоа одлично и оди од раце. Ова е период во кој на секој од нас не му е лесен. Да се помине толку време дома, може да предизвика анксиозна состојба. Додека цел свет се навикнува на тоа, изгледа Кајли само се враќа на старите навики.

Милијардерката на својот инстаграм-профил сподели со своите фанови дека оваа ситуација за нејзе не е ништо ново.

„Мојата бременост ме подготви за ова. Не го напуштав домот со месеци. Ова не е претерување“, напиша Кајли на своето стори.

После породувањето и раѓањето на нејзината ќерка Сторми, Кајли објасни зошто се одлучила за изолација.

„Жал ми е што ве држам во мрак со сите претпоставки. Разбирам дека навикнавте да ве носам на сите мои патувања. Мојата бременост е нешто што избрав да не го споделувам со светот. Знаев дека морам да се подготвам за оваа животна улога на најпозитивен и здрав начин, без стрес. Знаев дека моето бебе ќе го чувствува секој стрес и секоја емоција, па избрав тоа да го направам за својот мал живот и нашата среќа.“, напиша тогаш Кајли.

Сепак, денешната ситуација, која се случи со целиот свет, Кајли и нејзината ќерка Сторми ја поминуваат гледајќи цртани филмови во својот дом.

„Гледаме „Фрозен 2“ за првпат, а јас се свртев кон нејзе да ѝ кажам дека ја сакам. И реков:

-Сторми, те сакам. Ти ме сакаш?

Таа одговори:

-Пст, мама.

Бев во шок. Никогаш тоа претходно не го направила“, открива Кајли, која е една од ретките на која ѝ годи изолацијата.

Искористете го овој период за ужување со своите најблиски и најмили. Можеби поради брзото темпо на живеење порано не сме размислувале за тоа. За жал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот