Кајли Џенер почнува со производство на асепсол за болниците, таа е подготвена да се откаже од својот бизнис! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Најмладата милјадерка во светот Кајли Џенер (22) ќе го искористи своето козметичко царство да помогне во борбата за спречување на ширење на коронавирусот во Калифорнија.

22 годишната инфлуенсерка минатата недела донираше еден милион долари, за да помогне во снабдување на болнците и докторите со заштитна опрема, а особено на оние кои се во првата борбена линија.

 

View this post on Instagram

 

TALK TO ME NICE ?

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

Кајли и нејзината мајка Крис Џенер (64) во четвртокот најавија дека партнерството со козметичката куќа „Coty“ и инвеститорот „Kylie Skin“ ќе почне со производство на санитзери производи за болниците во јужна Калифорнија.

– Ќе произведуваме асепсол и посветени сме на тоа да да ја поддржиме нашата заедница – се наводи во соопштението за медиумите.

Тие потврдија дека асепсолот ќе се произведува во фабриката „Coty“ и тоа нема да влијае на производстото на „Kylie Skin“ производите.

Ако биде потребно, центарот за производство на козметика ќе престане со работа, за да може да произведува само сантизери.

Исто така, модниот гигант „LVMH и козметичката компанија како што се „L ‘ Oreal“ и „Eeste Lauder“ на сличен начин сакаат да помогнатњ во производството на асепсол, бидејќи го нема во продажба откако започна кризата на пандемија од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот