
Никој не би помислил дека на некоја од сестрите Кардашијан-Џенер може да ѝ се случи бизарен пропуст, но и тоа е возможно…
На фотографиите на кои таа позира со својата нова пријателка Анастасија Караниколау, следбениците забележаа дека се направени невешти корекции во фотошоп, односно стеснување на струкот и нагласување на колковите.
Следбениците не само што беа зачудени, туку и не ги поштедија девојките од срамни коментари во кои им даваат до знаење дека фотошопот е и повеќе од видлив на двете фотографии. Особено се потсмеваат дека и Кајли и Анастасија имаат иста форма на телото, нешто што не е возможно без интервенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.