Кајли Џенер мета на остри критики откако побара донации за познатиот шминкер Самуел Рауда

Instagram

Кајли Џенер се соочува со остри критики на социјалните мрежи откако ги замоли своите следбеници да донираат за собирање средства за медицински трошоци за познатиот шминкер кој беше повреден минатата недела.

Познатиот шминкер Самуел Рауда беше повреден во несреќа за која нема многу информации на страницата „GoFundMe“ организирана од неговото семејство. Тој бил подложен на „голема операција“ на 14 март и како што се наведува, го чека долг пат до целосно закрепнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @makeupbysamuel

Секој што го познава Самуел ќе потврди дека тој е најљубезната и најмилата личност што некогаш сте ја сретнале! Тој има големо срце и не се двоуми да помогне на секој кој ќе се најде во неволја. Кога имате лош ден, со сигурност знае како да ве насмее и да ви го подобри денот… Во овој момент, повеќе од кога било му е потребна нашата поддршка и молитви“, се вели во описот на страницата „GoFundMe“.

23-годишната Џенер, на својот инстаграм-профил со објава на инстаграм-стори сподели црно- бела фотографија од шминкерот и ги замоли своите 222 милиони следбеници да донираат во кампањата.

Instagram
Instagram

Бог нека те чува и штити „@makeupbysamuel“. Ве молам одвојте малку од вашето време, помолете се за Сем кој доживеа несреќа изминатиот викенд и вклучете се со донации“, напиша Кајли, вклучувајќи линк кој води до страницата на Рауда на „GoFundMe“ на која веќе се собрани 100,031 американски долари.

Но, објавата на Џенер во која бара помош од нејзините следбеници да донираат за шминкерот предизвика бурни рекации на социјалните мрежи од многумина кои сметаат дека е срамота козметичкиот тајкун и ријалити ѕвездата да бара средства кога нејзиното богатство според „Форбс“ се проценува на повеќе од 900 милиони долари.

Кајли Џенер на своето дете му купува чанта од 15.000 долари, а бара пари од своите обожаватели“, напиша еден корисник на „Твитер“

Зошто Кајли Џенер бара од обожавателите да донираат за операцијата на нејзиниот шминкер преку „GoFundMe“ кога е буквално милијардер?!?!? Искрено сум збунет“,  напиша друг корисник на „Твитер“.

По „линчот“ на социјалните мрежи, се огласи и Џенер која кажа дека Рауда не е нејзин личен шминкер, но пред неколку години работела со него. Информацијата дека семејството на шминкерот собира средства на „GoFundMe“ ја добила од пријатели и веднаш донирала 5.000 долари, а со нејзината објава како што вели, само сакала да помогне.

EPA-EFE
EPA-EFE/NINA PROMMER

 

Имено, таа не е единствениот член од семејството Кардашијан кој работел со Рауда во минатото. Покрај Кајли, Рауди работел и со нејзината мајка Крис Џенер, како и со Клои Кардашијан.

Кајли Џенер, која заработува 19 илјади долари на час, бара од своите обожаватели да му помогнат на шминкерот да собере 60,000 долари за операција… Таа е одличен пример зошто ни треба универзално здравство. Дури и работниците на милијардери како Кајли не се подготвени да плаќаат здравствена заштита на своите вработени“, вели еден корисник на „Твитер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот